Курти одби да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади

July 5, 2023
1 min read

Косовскиот премиер, Албин Курти одби да се сретне со неговиот албански колега, Еди Рама, кој утре ќе допатува во дводневна посета на Косово, и нагласи дека тоа ќе го направи единствено на заедничка седница на двете влади, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната владина седница, Курти пред новинарите изјави дека заедничката седница на двете влади, која требаше да се одржи во Ѓаковица на 14 јуни, беше неправедно откажана од Рама и дека нема потреба да се среќава со него надвор од една таква седница.

Според косовскиот премиер, важна за односите меѓу Косово и Албанија е седницата на двете влади, а не неговите средби со албанскиот хомолог.

– За мене, потребно е да имаме седница на двете влади. Ако премиерот Рама инсистира на одлагање на седницата на двете влади, тогаш јас останувам на ставот што му го кажав: ние имаме директни контакти, се среќаваме многу често … не страдаат односите меѓу Косово и Албанија, ниту пак демократијата и мирот на Балканот, затоа што нема да се сретнат премиерите на Косово и Албанија, туку затоа што седниците на нашите влади неоправдано се одлагаат, изјави Курти.

Рама ќе допатува утре во Приштина во рамки на балканска турнеја во функција на подготвување на наредниот самит на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во октомври во Тирана.

Курти рече дека побарал од Рама, со оглед дека ќе престојува во Приштина, да ја одржат и меѓувладината седница.

– Јас пријателски побарав од премиерот Рама со оглед дека ќе престојува во Приштина два дена и една ноќ, да ја одржиме седницата која неосновано се одложи, иако беше предвидено да се одржи на 14 јуни во Ѓаковица. Сите подготовки ги направивме, 13 договори требаше да се потпишат … Јас му предложив на премиерот Рама да одржиме уште една заедничка седница на двете влади, да ги потпишеме тие усогласени договори и сите да бидат функционални, рече Курти.  (МИА)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден разговара со премиерот на Шведска за влез на земјата во НАТО

Следно

Алваро Мората се враќа во Серија А

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop