Критика за Европа за одложувањето на проширувањето – Пендаровски: На Балканот не му треба симболика, туку конкретна одлука

October 14, 2023
1 min read

реклама


Војната во Украина донесе нов геополитички и безбедносен контекст во Европа, по што по долги години проширувањето повторно беше ставено на врвот на агендата, но на неочекуван начин, рече претседателот Стево Пендаровски, говорејќи на Балканската лидерска конференција на тема „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ – Предизвици и перспективи“. Според него, доделувањето кандидатски статус на Украина и на Молдавија е направено во време кога нема напредок во разговорите со Србија и Црна Гора и кога постои ризик скринингот со Северна Македонија да заврши пред почетокот на разговорите.

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски рече дека со Македонија се направени сите можни преседани и покажан е недостиг на принципи од страна на ЕУ за почитување на основните вредности на ЕУ. Тој го критикуваше бавниот напредок на неопходните процеси во земјава, но и ЕУ, која декларативно се изразува за проширување, но не е подготвена да го стори тоа. Тој предложи земјите од Западен Балкан да побараат од Европската Унија постепена интеграција пред полноправно членство.

реклама

Поранешниот претседател на Албанија, Алфред Мојсиу изјави дека пред да се зборува за интеграција, Западен Балкан мора да стане побезбеден. Изрази загриженост за, како што рече, небезбедноста која континуирано се создава во овие земји. Тој тоа го поврза со терористичкиот напад во Бањска на северот на Косово.

„Не само што пукна, туку се случија некои работи, за мене чудно неразбирливи, кога Белград, кој барем формално изгледаше како да се грижи за проблемот меѓу Косово и Србија да се реши мирно и правично, зазема многу вознемирувачки став. Настан кој не шокираше сите, не само што не беше осуден од лидерите на Србија, туку беше прогласен и за ден на жалост за загинатите, кои Косово и ЕУ со право ги нарекоа терористи“, вели Алфред Мојсиу.

реклама

На Балканската лидерска конференција говореа и многу други државни лидери и други претставници. Конференцијата ја организираа Клубот од Подгорица и Федерацијата за Универзален мир.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Штип ќе добие обиколница, проектот е изготвен од страна на општината

Следно

Мицкоски: Не верувајте на секој оној кој што има задача да ве обесхрабри и да ве оттргне од намерата да се обединиме околу единствениот носечки национален столб ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop