Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

March 31, 2026
1 min read

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.

-Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти, истакна Савески.

Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на една од највисоките функции во правосудството и му посака успешна работа.

Во разговорите тие заеднички се осврнаа на приоритетите во однос на борбата против корупцијата и на суштинско враќање на довербата на граѓаните дека правосудниот систем функционира.

Савески и Рокас се согласија за потребата од стабилен буџет за јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство. Амбасадорот Рокас ја изрази поддршката за независноста и за јакнење на транспарентноста на обвинителството.

Државниот јавен обвинител ја искористи можноста да се заблагодари за континуираната поддршка од ЕУ за Јавното обвинителство, но и за владеењето на правото во нашата земја воопшто.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација

Следно

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop