Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација

March 31, 2026
2 mins read

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата со обезбедувањето, почитувањето, остварувањето и унапредувањето на човековите слободи и права за 2025 година.

Одговарајќи на новинарски прашања, Сељами информираше дека по сопствена иницијатива отворил предмет и се обратил до Министерството за правда и до Државниот управен инспекторат во врска со полагањето на правосудниот, нотарскиот и испитот за извршители.

– Во врска со нашата иницијатива за измени и дополнувања на законите за полагање на стручните испити, правосудниот испит, нотарскиот испит и испитот за извршители, откако ја презентирав констатацијата, јас по сопствена иницијатива отворив предмет и се обратив до Министерството за правда, како и до Државниот управен инспекторат. По добиените службени одговори, констатиравме дека во постојните законски решенија што ја уредуваат оваа материја не постои можност за полагање на овие испити на друг јазик, различен од македонскиот. Од тоа констатиравме дека ова создава правни и практични проблеми за кандидатите кои не го знаат македонскиот јазик, а правните студии ги завршиле во прв и во втор циклус на албански јазик – изјави Сељами.

За надминување на оваа состојба, тој посочи дека институцијата Народен правобранител се обратила до Владата со конкретна иницијатива за хармонизирање на законите.

– За надминување на оваа ситуација, која веќе седум години постои поради неимплементирањето на Законот за употреба на јазиците, се обративме со конкретна иницијатива до Владата на Република Северна Македонија за измена и дополнување, односно за хармонизирање на законските решенија што ги уредуваат овие испити, односно да им се овозможи на кандидатите да ги полагаат овие испити и на нивниот мајчин јазик. Бидејќи сметаме дека, ако тоа не се овозможи, станува збор за дискриминација, односно индиректна дискриминација врз основа на јазик. Поради тоа, за конкретна практична примена се обративме до Владата на Република Северна Македонија со конкретни иницијативи – истакна Сељами.

Запрашан за условите во шелтер-центрите, за почитувањето на протоколите за заштита на жртвите од страна на социјалните работници и за претставките поврзани со семејното насилство, Сељами се повика на наодите од Годишниот извештај за 2025 година, нагласувајќи дека тој е на функцијата народен правобранител само два месеци.

– Јас не сум бил народен правобранител, ова е Годишен извештај за 2025 година, односно во тој период јас не сум бил народен правобранител. Меѓутоа, од она што имав можност да го добијам како информација од стручната служба, која може и подетално да ме извести, има точно такви претставки за семејно и родово базирано насилство. Имаме и иницијативи покренати од наша страна. Исто така, како што кажува и извештајот, не е доволен бројот на шелтер-центрите во државата. Треба да има поголем број, треба да има шелтер-центри во сите градови, за да им се овозможи на овие жртви да можат да се заштитат од родовото и семејното базирано насилство – рече Сељами.

Дополнително, на прес-конференцијата беа укажани примери каде што жртви на семејно насилство се транспортираат во видно обележани возила на центрите за социјална работа, со што се изложуваат пред околината и се соочуваат со дополнителни закани по животот. За ваквиот проблем, народниот правобранител кусо одговори дека сите забелешки се добредојдени и истите ќе бидат разгледани.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Покрај Новак, и Чеферин ќе биде во ложата на “Билино Поље“ во Зеница!

Следно

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop