Димитриеска-Кочоска: Бизнис секторот има силна поддршка од Владата

March 31, 2026
1 min read

31 март 2026,, Скопје – Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните економски показатели и можните мерки коишто во иднина ќе треба да се преземат од страна на Владата, а се во интерес на приватниот сектор и одржување на економската активности,  беа теми на состанокот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членови на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија

„Ова е време на неизвесност и во такви услови сите засегнати страни треба да се обединат и да дадат свој придонес во надминување на состојбата. Владата во изминатиот период даде сериозна поддршка преку обезбедување средства за инвестиции по поволни услови, како и преку транспаретната и успешна постапка за  поврат на солидарниот данок кон компаниите. Оваа Влада останува посветена во поддршката на бизнис секторот“, рече министерката и додаде дека мора да разговараме отворено за сите предизвици за да можеме да си помогнеме.

На состанокот беше оценето дека Владата има конструктивен однос со бизнис секторот и дека мерките што досега се преземени во однос на актуелната криза се навремени и дека во наредниот период зависно од развојот на состојбата треба да се донесат таргетирани мерки.

„Соработката со Владата ни е на високо ниво.  Изнесените ставови се заеднички проблеми на сите, а решение ќе изнајдеме ако сите партиципираме во нивното решавање. Стопанската комора ќе даде максимален придонес во надминување на состојбата и јавноста ќе ја увериме дека заеднички работиме во интерес на сите со цел да ја одржиме економијата и  за да ги надминеме овие непредвидени ситуации“, рече Азески.

Како еден од најважните заклучоци на средбата беше дека Стопанската комора до Министерството за финансии ќе достави предлог сет на таргетирани мерки коиштопроизлегуваат од потребите на реалниот сектор, а ќе бидат исклучиво во насока на надминување на предизвиците од глобалните случувања.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Следно

Покрај Новак, и Чеферин ќе биде во ложата на “Билино Поље“ во Зеница!

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop