Ковачевски: Западен Балкан треба да се сврти кон иднината, сега проширувањето е во интерес и на самите земји членки на ЕУ

October 16, 2023
1 min read

реклама


Димитар Ковачевски, премиерот на Македонија по одржувањето на Берлинскиот процес во Тирана, Албанија, кажа дека сите земји од Западен Балкан треба да се свртат кон иднината, и да нема конфликти од минатото.

„Јас кажувам дека добрососедските односи се основа на интеграција на регионот на ЕУ. Ако регионот е обременет со конфликти од минатото, ако има цело време политички сили кои исклучиво ги гледаат работите кои се случувале, нормално дека од ЕУ ќе стигнуваат такви најави какви што стигнуваат. Шесте земји од Западен Балкан треба да се свртат кон иднината. Шест држави ја имаат почнато Европската Унија, а погледнете ги нивните истории, но ги надминале своите разлики за денеска да бидат во Унија со најголем и најбогат светски пазар и организација во која сакаат да учествуваат сите земји меѓу кои и Северна Македонија. Ако досега проширувањето беше интерес на земјите аспиранти, сега е интерес и за самите членки на ЕУ.“, изјави Ковачевски.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Главниот државен ревизор: И во други клиники низ државата има медицинска опрема која е набавена, а не се употребува

Следно

Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на Друштвото на писателите на Македонија

Latest from Blog

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на

Општина Прилеп: Сè повеќе домаќинства се вклучуваат во селекцијата на отпад, поделени над 500 бесплатни канти

Општина Прилеп продолжува со активностите за воспоставување современ и ефикасен систем за селекција на комуналниот отпад преку проектот „Регионално управување со цврст отпад“, реализиран од Министерството за животна средина и просторно планирање,

ВЛЕН: Изјавата на српската министерка е опасна и неприфатлива

ВЛЕН остро реагираше на изјавата на српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, која во интервју за српска телевизија изјави дека, доколку тогашниот претседател Слободан Милошевиќ имал целосна слобода

МБИ10 заврши во позитива – над 26 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.156,14 поени. Во
Go toTop