Ковачевски: Уставните измени за две недели во Собрание, нема избори наесен

July 7, 2023
1 min read

Процесот на уставни измени не е поврзан со мандат на Влада, тој е поврзан со европската интеграција на државата и обврска на секоја политичка партија е да ги поддржи европските интеграции, порачува премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на доделувањето социјални станови на 27 семејства во Свети Николе

Премиерот Димитар Ковачевски најавува дека уставните измени наскоро ќе бидат поднесени во Собранието.

„Уставните измени ќе бидат поднесени во Собранието во текот на наредните две недели и ќе отпочне процес на дискусија согласно со процедура за истите во Собранието, таму каде што ѝ е местото“,

кажа Ковачевски денеска од Свети Николе.

Тој посочи дека избори нема да има наесен. Не одговори прецизно дали се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дали има поддршка од опозицијата, но дециден беше на прашањето дали ако не се гласаат уставните избори, наесен би имало избори.

„Во земјава наесен нема да имаме избори. Изборите ќе бидат идната година, претседателски, па парламентарни. Процесот на уставни измени не е поврзан со мандат на Влада, тој е поврзан со европската интеграција на државата и обврска на секоја политичка партија е да ги поддржи европските интеграции. Кога ќе бидат разгледани амандманите на Уставот од страна на Владата, тие ќе бидат јавно соопштени и јавно објавени и тогаш сите граѓани ќе можат да се уверат дека се работи за технички аманмани со коишто нешто што веќе е факт во Уставот, според кажувањето на најголемите експерти во државата, ќе биде дополнително внесено во Уставот во делови на други народи коишто живеат во државата“,

кажа Ковачевски.

Премиерот смета дека обврска на секој пратеник и на секоја политичка партија е овој процес да го поддржи сè до завршување на преговорите и зачленување на државата во Европската Унија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Талибанците ја спроведоа најуспешната акција против дрогата во човековата историја

Следно

Наставниците низ Велика Британија штрајкуваат по втор пат оваа недела

Latest from Blog

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот
Go toTop