Ковачевски: Нема да потклекнеме пред блокадата, продолжуваме до обезбедување двотретинско мнозинство

August 18, 2023
1 min read

Кога С Македонија ќе стане полноправна членка на Европската унија, ќе ги собереме пасошите на македонските граѓани од другите држави од кои се земени бидејќи повеќе нема да им требаат, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата по денешната собраниска седница за уставни измени

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од сите министри во Владата на С Македонија, на прес-конференција во владиниот прес центар рече дека денешниот ден донел два заклучоци. Првиот е дека процесот за уставни измени е започнат со изгласнување на дневниот ред, а вториот и многу поважен е дека денеска станало кристално јасно кој сака С Македонија да стане просперитетна држава, а кој сака да ја блокира европската иднина на земјата.

Денеска се потврди дека Владата и коалиционите партнери се единствените кои и мислат добро на државата и на граѓаните за влез во Европската унија. Се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација и проевропските граѓани на С Македонија тоа нема да го заборават ниту пак да го простат”,

рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не покажа ниту еден аргумент и причина за да се блокира процесот на уставни измени, туку само покажале дека тие со голема леснотија се спремни да ја блокираат европската иднина само за лични цели. Тој вели и дека нивната проевропската влада ќе направи се за да ја тргне блокадата кон патот на ЕУ и нема да дозволи иднината на граѓаните да биде блокирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако тие не знаат да дебатираат дома, како да очекуваме дека ќе аргументираат и дебатираат надвор со меѓународна заедница. Нивна цел е да не преговараат за нов договор, туку да блокираат, но сега нема простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ”,

вели Ковачевски.

Премиерот во своето излагање кажа и дека македонсите граѓани заслужуваат да живеат во европска Македонија, а не да живеат во земјите членки на унијата со пасоши од други држави, па затоа, кога Македонија ќе стане дел од унијата, Ковачевски рече ќе ги соберел сите пасоши на македонските граѓани од странските земји и ќе ги врати бидејќи повеќе нема да им бидат потребни затоа што европската иднина ќе можат да ја градат дома.

Граѓаните сакаат подобри услови, економски напредок, социјална правда, подобар живот и вредности кои само ЕУ и САД ги имаат. С Македонија практикува европски вредности и заслужува да биде дел од ЕУ. Пред нас е неповторлива шанса за забрзување на еворпскиот пат, бидејќи тоа е нашата иднина”,

изјави премиерот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Публиката до последно место го исполни Куршумли-ан: Почна 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“

Следно

Мбапе се врати во тимот, ќе игра против Тулуз

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop