Ковачевски ја фрли последната лопата како премиер

January 24, 2024
1 min read

Фрлена последната лопата во својство на премиер. На последниот ден од својот мандат, Димитар Ковачевски одлучи да постави камен-темелник за објект на странски инвеститор. На прашањето на Алсат колку лопати фрлил додека бил на чело на Владата, Ковачевски рече дека имало многу странски инвестиции, иако големите компании се бројат на прсти.

Секоја инвестиција значи отворање нови работни места за граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој побара повеќе слободни зони.

Но, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски имаше критики за Владата. Според него, од Илинденска одат само на свечени отворања, а во пракса Владата дала само 15 милиони денари за инфраструктура, иако ветиле над 100 милиони само за патишта.

Во индустриската област„Новине-Речица“ во близина на Куманово, со 60 хектари градежно земјиште и урбанизација од страна на општината, се очекува да инвестираат уште две странски компании. Оваа површина од 1 евро за квадрат на почетокот на наддавањето, достигна 30 евра. Но, далеку се ветувањата дека зоната ќе се наполни со фабрики и погони. Досега имаше само неколку инвестиции./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љубомир Јовески немал к’смет да стане уставен судија

Следно

Израелците протестираат низ земјата: Бараат договор за размена на заробениците со Хамас

Latest from Blog

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop