Ковач: Движењето „Ние – гласот на народот“ не е распаднато

February 22, 2024
1 min read

Еден од седумте основачи на српското движење „Ние – гласот на народот“, Митар Ковач денеска изјави дека движењето не се распаднало и дека в недела ќе се организира изборно собрание, со цел движењето да прерасне во партија.

Ковач за белградски медиуми изјави дека вчерашните настани и фактот што двајцата основачи на движењето, Бранимир Несторовиќ и Александар Павиќ, си заминаа, не ги наруши нивните последователни активности, туку дека тие претставуваат голем удар за движењето.

Според него, во Движењето сè уште се пет основачи, а најголемата одговорност „ја сносат оние што го напуштиле“.

– Несторовиќ сакаше да се наметне како личност која нема да биде меѓу нас седуммината кои управуваме со движењето, туку да ја зграпчи целата моќ за себе, наведе Ковач.

Тој посочи дека изјавата на Несторовиќ дека не го напуштил Движењето, туку само состанокот, е неточна и дека тој веќе тогаш најавил конституирање на „нова политичка организација или своја партија“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изминатото деноноќие имало 31 пожар на отворено

Следно

Шведска ќе продолжи да води борба против терористичката организација ПКК

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop