Костенот со едно вложување враќа за многу поколенија, Македонија има идеални услови

September 28, 2024
2 mins read

Агрономот Иснириза Џелили триесет години работи со земјоделски култури, ги следи сите новости во врска со неговата професија и во моментот се грижи и за нов насад со костени. Тој е Дипломиран инжинер – заштитар и со него разговаравме за новиот насад со костени. Садниците се купени од странство, насадот е посаден на површина од 1,5 хектари во село Слатино, Теарце и веќе уште првата година има род.

Идејата да се посадат овие дрва е на странски инвеститор, кој сакал да произведува костени, има веќе обезбедено откуп во странство, а ја користи земјата и климата во Македонија, каде што има идеални услови за овие дрва.

-Инвеститорот е Лирим Едeми од Швајцарија, тој сакаше да се обидеме, живее во странство и си има обезбедено откуп таму, продава на неколку места костени и со моја поддршка како агроном ги насадивме и подигнавме костените. Мојата работа е да се грижам за костените, со моето знаење и искуство, над 30 години работам во оваа област, како агроном и успеавме да го поставиме, се нафативме на оваа работа и еве веќе ги имавме и првите костени. Ги посадивме после 15 јануари годинава. Обично се потребни две до три години за да има род, но ние имавме веќе и годинава, за шест месеци откако ги посадивме. Избрав многу добра нова агротехнологија, со квалитетни странски препарати. Се покажаа доста добри препаратите и обезбедија добра заштита, вели агрономот Џелили.

Агротим: Што е најважно за костенот?

Треба да се работи најмногу на коренот да се зацврсти. Ако се развие коренот како што треба, бидејќи колку е подобро развиен коренот, толку повеќе ќе црпи храна и ќе се развива, понатаму другото е полесно. На секои две три недели правев контрола и додавав тоа што е потребно, вели Џелили и додава дека сè што е потребно од агротехника, направил одобрал многу добро и не згрешил во изборот. Потребен е и систем капка по капка, мора да има наводнување, ние тоа го поставивме веднаш и на одредено време мора да се навадат.

Агротим: Колку луѓе се потребни?

-Покрај инвеститорот кој го користеше моето знаење и искуство ни помогаше уште еден човек технолог инжинер, Агрон Џемалиу, ние тројца и за садењето користевме уште четири работници.

Агротим: Дали е тешко одгледувањето на костени?

-Според искуството не е многу лесно, има многу вложувања. Не се некои кој знае какви вложувања, но сепак првите две години треба да се работи повеќе на коренот. Особено првата година. Потребни се добри препарати, применив нова технологија и сите препрати се од странство. Се покажаа и како квалитетни. Досега сè е успешно. Треба да пораснат и да се заслилат, а понатаму цел живот можете да берете од нив и вашите поколенија. Досега се многу добро развиени, иако имавме многу топла година, каква што не се памети досега, но ставивме добри средства, и за прскање и за коренот, кои многу помогнаа од заштитата од сонце, така што издржаа.

Агротим: Кои услови се потребни за костенот?

-Сакаат отворено место, да има сонце, но како прво да се постави, вода – систем за наводнување, тоа е важен предуслов. По садењето треба да се работи околу коренот, потоа да се штити листот од болести или инсекти, треба да се интервенира. Тие не бараат некои посебни услови, немаат многу прскања, но во првите две години бараат внимание. Издржуваат и зимски услови, но ќе видиме сега првата година како ќе издрат. Во нашето село има веќе диви костени, така што имаме основни услови за овие дрва, почвата ни е кисела и слабо кисела, што е добар услов за костенот. Поставивме и систем капка по капка за да бидат наводнувани. Потребни се поголеми ангажмани само во првите две години, кога треба да се работи и да се засили коренот, потоа што се вели, тие се веќе возрасни дрвја.

Агротим: Колку години трае овој насад?

-Тоа е од Господ, но може да трае и до 200 години, со генерации и генерации. Имаат криза додека растат, а потоа кога ќе пораснат веќе немаат проблем. Ја избрав најотпорната сорта што ја има на пазарот во Европа, марони. Во Европа најотпорна е таа, марони, имаме одлични климатски услови и систем за наводнување, па се надеваме дека ќе ги имаме долги години.

Анета Тасова за Агротим

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Следно

Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники

Latest from Blog

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop