Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

May 20, 2025
2 mins read

Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици и не дека нема што да кажеме, но ќе оставиме да видиме и науката и струката, ако има потреби Уставниот суд евентуално во иднина да се произнесе, вели претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Прашан како ќе се рефлектира и што преземале по одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка, Костадиновски нагласи дека „не случајно оваа состојба ја квалификуваме како правен преседан“.

– Тоа значи дека и меѓу судиите имаме различни стојалишта што ова значи за уставното судство. Имам свој став, но ќе се воздржам бидејќи во овој момент на сила е ставот што вчера го заземавме и морам да стојам на тој став како судија, изјави Костадиновски.  

Прашан што ќе се случува со Иницијативата за уставноста на Преспанскиот договор, со оглед дека за неа гласала Елизабета Дуковска, чиј избор за уставна судијка беше поништен со одлука на Управниот суд, Костадиновски рече дека „и во поглед на ова прашање стојам на ставот што судот го зазема дека нашите одлуки се конечни и извршни и во никој случај, по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки“.

Уставниот суд, посочи Костадиновски, вчера на работен состанок долго ја разгедувал новонастанатата правна состојба, откако, како што нагласи, се соочиле со „правен преседан што во 60 години уставно судство ниту еден состав на Уставен суд се нема соочено“.  

-Кажавме, не ја коментираме одлуката на Управниот суд, дека станува збор за правен преседан, дека тој правен преседан создава правна состојба и таа правна состојба создава правни импликации. Излеговме со соопштение и веќе ја кажавме првата правна последица од таа состојба, значи одлагањето на подготвителната седница за Законот за употребата на јазиците. Непосредна последица на оваа состојба, изјави Костадиновски. 

Костадиновски, појасни дека концептот „res judicata“ или пресудена работа по кој било предмет во уставното судство, не е идентично како во редовното судство и дека Уставниот суд има право „да донесе поинаква одлука, доколку има основи за поинакво одлучување“.

-Тоа се два сосема различни правни институти со различно значење. Во уставното судство „res judicata“ има поинакво значење. Тоа значи дека за било кој предмет што овој суд го одлучил, денес, пред месец дена, пред три години, пред 30 години, по иницијатива на било кој граѓанин за истата работа, која е веќе еднаш пресудена, ако судот биде снабден со дополнителни околности, со силни аргументи, да ги разубеди судиите што можеби учествувале, а можеби не учествувале во онаа пресудена работа, судот има прво да одлучи поинаку. Значи нашиот акт ни дозволува да донесеме поинаква одлука доколку има основи за поинакво одлучување, а основи за поинакво одлучување се бројни. Така да и во поглед на ова прашање, стојам на ставот на судот дека нашите одлуки се конечни и извршни и во никој случај, по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки, изјави Костадиновски.  

Уставниот суд, вчера преку соопштение, информираше дека нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, истакнувајќи дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Овој преседан, според Судот, има значајни правни импликации врз неговото понатамошно постапување.

Уставниот суд, воедно потсети дека, согласно член 112 став 2 од Уставот, неговите одлуки се конечни и извршни, и нема да ги преиспитува по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата на Управниот суд.

Поради новонастанатата ситуација, Уставниот суд, исто така, донесе одлука да ја одложи подготвителната седница за предметот поврзан со Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што Дуковска е известител на овој предмет, а дополнително, Судот има донесено Заклучок според кој постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав на Судот.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на турски МИТ, Калин, во Сирија се сретна со претседателот Шара и неговата делегација

Следно

Обид за поткуп на судија во Врховниот суд на Грција

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop