Костадиновска-Стојчевска: Заврши децениското патешествие на дваесет македонски икони, ги вративме дома

December 15, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва од Тирана пристигна во Музејот на Македонија заедно со конвојот во кој доаѓаа иконите.

На презентацијата на оваа исклучително сложна и повеќегодишна постапка, на која присуствуваа високи владини претставници како и високи црковни великодостојници, пред јавноста беа претставени 20 македонски икони кои во билатералната соработка на највисоко институционално ниво, денеска беа вратени во Македонија.

-Заврши децениското патешествие на дваесет македонски икони. Ги вративме дома, – со нескриено задоволство изјави министерката Костадиновска – Стојчевска и додаде дека враќањето на овој дел од она што е украдено од нашето непроценливо големо културно богатство, е историски момент бидејќи за прв пат во регионот се случува да биде вратено украдено заштитено културно добро.

Министерката за култура посочи дека долго ќе го памети овој ден, ден во кој имаше чест да бидe дел од луѓето кои го вратија дома она што ни беше украдено, а кое, како што вели таа ,,е наше заштитено бесценето културно добро, кое постојано треба да нѐ потсетува дека мора да сме будни кога го чуваме доброто од лошото“.

-Охрабрена од овој исклучителен гест на пријателска Република Албанија, верувам дека успешно ќе се одвива и просецот на враќање на уште 37 идентификувани икони украдени од македонските цркви и манастири во периодот 2008 – 2013 година. Тоа беа години во кои многу често слушавме за обивање и ограбување на наши светилишта во југозападниот дел од државава, од Ресен до Радожда, рече министерката за култура.

Министерката Костадиновска-Стојчевска  пред присутните уште еднаш изрази голема благодарност  до Владата на Република Албанија, и премиерот Еди Рама, како и на сите вклучени од двете држави.

Министерката за култура, посебна благодарност изрази кон нашата Работната група, составена од претставниците од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, МАНУ, Националниот конзерваторски центар, Завод и Музеј Битола и Завод и Музеј Охрид, за нивната посветеност, професионалност и стручност за враќањето на ова наше културно наследство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски на средба со албанскиот претседател Бајрам Бегај: Двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка

Следно

Тренчевска: Проекциите на населението ќе придонесат кон креирање на политики за подобар квалитет на живот

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop