Костадиновска-Стојчевска: Интензивирање на културната соработка е високо на агендата во односите со Обединетото Кралство

October 25, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на работната посета на Лондон, денеска оствари средба со Викторија Билинг, директорка за Европа во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и со директорот на глобалната мрежа на Британскиот совет, Чарли Вокер.

На средбата Костадиновска-Стојчевска – Билинг беше реафирмирано 30-годишното партнерство и пријателство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, при што министерката за култура ја истакна силната определба за развивање и зацврстување на билатералното партнерство со Обединетото Кралство.

            Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност и за поддршката во доменот на економската соработка, како и за силната посветеност  на  Обединетото Кралство во процесот на европската интеграција на земјава.

            Како министерка за култура, пак, Костадиновска-Стојчевска ја истакна и важноста на културната размена во согласност со потпишаниот Договор во областа на културата, кој е правна рамка за зајакнување на размената.

             Костадиновска-Стојчевска и Билинг искажаа взаемна благодарност за досегашната соработка, истакнувајќи дека Македонија е важен партнер во односите со Обединетото Кралство, со кое ги дели истите вредности.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја сподели со директорот на Британскиот совет, Вокер, исклучително позитивната улога на глобална мрежа во нашата земја. Соработката меѓу Министерството за култура и Британскиот совет овозможи развој на културните и креативните индустрии во нашата земја, како и реализација на голем број заеднички проекти преку националните институции во културата и образованието.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека регионалниот пристап во реорганизацијата на Британскиот совет нема да биде на штета на нашата успешна соработка, особено во делот на креативните индустрии. На средбата стана збор за можностите од поголема достапност на програмите на Британскиот совет во нашата земја и засилени кампањи за нивна афирмација.

Средбата која протече во пријатна атмосфера беше повод да се поразговара и за поврзаноста на туризмот и културното наследство, како и за зголемениот интерес на Британците за нашата земја.

Посетата на министерката за култура на Обединетото Кралство продолжи на Факултетот за словенски и источноевропски студии при Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Во попладневните часови Костадиновска-Стојчевска ќе има средба со раководството на Филмскиот фестивал за жени над 50 години (WOFFF)а во 18 часот е свечениот концерт по повод 30 годишнината од воспоставување дипломатски односи со Обединетото Кралство, каде што ќе се обратат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и  специјалниот пратеник за Западен Балкан на британскиот премиер, Лорд Пич, кој е голем и искрен пријател на Македонија и одличен познавач на приликите во земјава и во регионот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АД ЕСМ: Се е подготвено претстојната грејна сезона

Следно

Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија

Latest from Blog

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,
Go toTop