Костадиновска-Стојчевска: Без разлика на сите нови модерни алатки, незаменливо е чувството кога држите книга в рака

July 18, 2023
1 min read

Денеска во посета на градинката „Детска радост“ – објект „Сончоглед“ во Автокоманда, Општина Гази Баба, беше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, каде што заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, им читаа сликовници на дечињата, а потоа поразговараа со нив.  

Детската библиотека во градинката ја збогативме со нови сликовници кои се поддржани од Министерството за култура. Децата се иднината на светот, тие се полни со знаење, креативност, фантазија. Тие се љубопитни чисти души кои сакаат да откриваат нови светови, а книгите се најголемото богатство. Чувме мудри, искрени одговори од дечињата, кои споделија со нас зошто сакаат приказни, кој најмногу сакаат да им чита, која е нашата азбука, како се вика нашиот јазик и друго − истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа, меѓу другото, кажа дека знаеме дека нема дете коешто не сака сликовница, а денеска заедно уживаме во сликовниците од македонски автори, кои со својата креативност и иновативност се вистински ремек-дела.

Пред 10 години издавачите се жалеа дека е загрижувачки мал бројот на наши автори на сликовници и воопшто на книги за деца и млади и дека затоа се принудени да преведуваат странски автори или да препечатуваат стари изданија само колку да има наши автори. Таа слабост ја увиде и Министерството за култура и, за среќа, во последниве три години состојбата се менува. Во меѓувреме се појавија и нови генерации, кои со својот талент и страст целосно се посветија на оживување на овој битен сегмент од литературата. Имаме прекрасни умни писатели за деца, имаме уште поумни дечиња. Тоа е комбинација за чиста петка, која со цело срце ја заслужува нашата поддршка − додаде Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека имаме сериозна задача и заедничка одговорностпред сѐ, како што нагласи министерката за култура, да создадеме услови за читање, да развиеме култура на читање, секојдневно да ја поттикнуваме љубовта на децата кон книгата и да им го вкорениме ставот дека без разлика на сите нови модерни алатки, незаменливо е чувството кога држите книга в рака.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Мала Речица се пресели во владина зграда во центарот на Скопје

Следно

Детето напаѓач од „Рибникар“ се кае за масакрот

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop