Детето напаѓач од „Рибникар“ се кае за масакрот

July 18, 2023
1 min read

Седмоодделенецот не може да одговара кривично бидејќи е малолетник кој не наполнил 14 години, но сведочи во постапката што се води против неговиот татко. Малолетникот изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, при што уби десет лица

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Момчето К. К. кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што беа убиени десет лица, изразил каење за стореното, изјави за Н1 адвокатката на неговиот татко, Ирина Боровиќ.

Тој преку видеоврска од здравствената установа каде што е сместен по масакрот бил сослушан во својство на сведок, во постапката што Вишото јавно обвинителство ја води против неговиот татко поради сомнение дека го обучувал синот да ракува со огнено оружје и муниција, така што го однел во стрелачки клуб да вежба стрелање.

Боровиќ за Н1 изјавила дека малолетникот бил детално испрашуван и дека го потврдил она што претходно го изјавил неговиот татко во врска со тоа како е чувано оружјето, со кое тој пукаше во училиштето.

Адвокатката тврди дека оружјето било соодветно обезбедено, но не сакаше да открие детали како детето дошло до него.

Според неа, момчето посведочило дека првиот контакт со оружје не му го овозможил татко му, како што јавуваа медиумите.

„Денеска изрази каење за тоа што го направи“,

изјави Боровиќ.

фото: Н1

Таткото e осомничен дека непрописно го чувал оружјето со кое малолетникот уби 9 врсници, како и чуварот на училиштето. Исто така е осомничен дека го обучувал својот син да ракува со оружје и дека го водел на стрелиште.

Обвинетиот В. К. беше уапсен откако неговиот син, кој, според законот, не може да одговара кривично бидејќи е малолетник кој не наполнил 14 години, изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска-Стојчевска: Без разлика на сите нови модерни алатки, незаменливо е чувството кога држите книга в рака

Следно

(ВИДЕО+ФОТО) Гори во западниот дел на Атина, Италија и Франција праќаат авиони за да помогнат во гасењето на пожарите во Грција

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop