КОСТАДИН ШУРБАНОВСКИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОР НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

January 27, 2025
1 min read

Директорот на Скопскиот џез фестивал (СЏФ)  Костадин Шурбановски соопшти дека си дал оставка од еден од најголемите и најзначајни македонски фестивали. Шурбановски, познат како Шурбе, е музички новинар, менаџер, диџеј, радиоводител, еден од најзначајните во земјава.

„По речиси 25 возбудливи години, заминувам од Скопскиот џез фестивал, во потрага по нови авантури и предизвици. Ви благодарам за поддршката и соработката, ви посакувам сè најдобро на приватен и професионален план. Се надевам дека ќе имаме прилика повторно да соработуваме“, вели во соопштението до медиумите.

Тој додава дека понатаму за прашањата што се однесуваат на Скопскиот џез фестивал, јавноста треба да се обрати кај Оливер Белопета, основач и долгогодишен директор на Скопскиот џез фестивал, кој го организира и Фестивалот на музика од светот Офф-фест.

По пензионирањето на Белопета, Шурбановски стана директор на СЏФ, но сите досегашни изданија ги организираа заедно. Скопскиот џез фестивал во 2009 доби Орден за заслуги на Македонија.

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами контра Мицкоски, се јави на фб: Ќе (пре)именувам дури 300 улици во Тетово

Следно

Падна потпорен ѕид во Велес – општината со апел за внимателност!

Latest from Blog

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop