Косовски Србин осуден на 13 години затвор за воени злосторства во 1999 година

February 2, 2024
1 min read

Основниот суд на Приштина денеска го осуди косовскиот Србин, Душко Арсиќ на 13 години затвор за воени злосторства, кои, според обвинението, ги извршил во селото Бутовац за време на војната во Косово во февруари 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Читајќи ја пресудата, Судскиот совет наведе дека од јануари до јуни 1999 година, Арсиќ, кој живеел во селото Матичан во близина на Бутовац, учествувал во насилното протерување и иселување на граѓаните на Приштина и околината, како и дека запрел малолетник и заедно со другите припадници на паравоените единици го малтретирал.

Според досието на обвинителството, групата во која членувал Арсиќ во февруари истата година, првично ранила и убила неколку жртви, меѓу кои и лицето Брахим Шала, кој бил убиен со автоматска пушка, а потоа му наредиле на тогаш 15-годишен Артан Красниќи, да го носи на грб неговото тело.

Арсиќ е обвинет дека, како дел од српската полиција и паравоените групи, „физички и психички го малтретирал, го удирал по грбот, го пцуел и го третирал како терорист“ малолетниот Красниќи, кој денеска беше присутен во судницата за време на изрекувањето на пресудата.

Најавувајќи жалба на пресудата, адвокатот на Арсиќ, Небојша Влајиќ изјави дека не ја очекувал, но и не е изненаден од казната што на неговиот клиент му ја изрече судскиот совет во Приштина.

– Мислам дека по денешното објавување на пресудата и најдобронамерните набљудувачи ги загубија илузиите за демократскиот капацитет на косовското судство. Косовското правосудство едноставно ја убедува јавноста со секоја наредна пресуда дека не е во состојба да спроведе правична постапка, рече тој.

Арсиќ е уапсен на граничниот премин Јариње, меѓу Косово и Србија, во декември 2021 година и од тогаш е во притвор во Подујево.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Регистрирани седум случаи на голема кашлица, а се шири и грипот

Следно

Нов Зеланд најави дополнителни 5 милиони долари хуманитарна помош за Палестина

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop