КОЈ И ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ЧУДОВИШТЕ Е ТЕМАТА НА „ФРАНКЕШТАЈН“, ВЕЛИ ЕКИПАТА ОД ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ПРЕД ПРЕМИЕРАТА

July 5, 2023
1 min read

Кој сѐ и што сѐ може да биде чудовиште е темата на „Франкенштајн“, новата претстава на Театарот за деца и младинци, чија премиера е утре, 6 јули, во 20 часот. Преставата, која е наменета за публика над 14 години, ја постави режисерот од Србија Кокан Младеновиќ, кој вели дека претставува модерно читање на романот на Мери Шели.  Драматурзи се Димитрије Коканов и Драгана Лукан Николоски.

„Претставата се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизвикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно/ добро/прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што нѐ учи мнозинството. И секако, На крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови, реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас“, вели Младеновиќ.

Играат Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска. Екипата вели дека е многу важно средношколци да ја видат претставата, за да видат како сме сите, на некој начин, дискриминатори во општеството.

СценогрАфијата е на Кирил Василев, костимите на Александра Пециќ-Младеновиќ, музиката на Лука Кантарџиев, а кореографијата на Олга Панго.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во поплавите по пробивањето на браната „Каховка“ порасна на 50

Следно

Заменик-гувернерот на Џенин: Во израелските напади предизвикана штета на 80 отсто од домовите во градот

Latest from Blog

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите

Светот се соочува со недостиг од рудници за бакар – „Иловица-Штука“ е еден од гринфилд потенцијалите

Глобалниот пазар на бакар се соочува со парадокс: побарувачката расте, а бројот на нови рударски проекти што можат навреме да обезбедат дополнителни количини е ограничен. На ова укажува и американската консултантска куќа

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во
Go toTop