Клинчарова во Аргумент плус: Потребно е да се воведе финансиски правобранител кој ќе ги штити граѓаните

April 8, 2025
1 min read

Претседателката на  Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва, Оливера Клинчарова во Аргумент плус рече дека, во Македонија потребно е да се воведе финансиски правобранител кој ќе може да ги заштитува граѓаните од финансиските измами.

Според неа, многу е важно да се зборува и за финансиската писменост на младите посебно во, како што рече дигитално време на инвестиции и валути.

„Јас би сакала побрзо да воведеме еден финансиски правобранител кој ќе биде заштитник на граѓаните специфично за финансии бидејќи имаме многу финансиски друштва, брзи кредити, разни пирамиди и секој поединечен случај заслужува внимание. Треба да го направиме час поскоро за да ги заштитеме граѓаните. Потребно е некој кој континуирано ќе работи на вакви случаи“, рече Клинчарова.

Таа зборуваше и за важноста на финансиската писменост.

„Живееме во дигитално време и проблемот со неинформираноста и недоволната финансиска писменост е голем проблем. Во денешно време се појавуваат разни инфлуенсери кои наведуваат на финансирања во разни платформи, синџири кои  немаат лиценца, не се контролирани, немаат супервизија. И би апелирала сите да се едуцираме посебно младите дека треба да се вложува и инвестира но треба да се советуваш бидејќи светот на парите е комплексен“, додаде Клинчарова.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре до петок посебен режим на сообраќајот низ Скопје – доаѓа претседателката на Државниот збор на Словенија

Следно

Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина

Latest from Blog

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop