Кисела Вода обезбеди 17 смарт ТВ и 8 смарт табли за основните училишта

January 21, 2023
1 min read

Учениците од општинските основни училишта во Кисела Вода на настава ќе се вратат во технолошки поопремени училници. Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, за каде се набавени седумнаесет смарт телевизори.

Паралелно, осум училници во ООУ „Партенија Зографски“ ќе бидат опремени со нови смарт табли, како продолжување на процесот за унапредување на условите за одвивање на наставата и нејзина модернизација.

– Инвестирањето во најмладите е влог во иднината. Обезбедивме нови 17 смарт телевизори и 8 табли. Со оваа инвестиција, бројот на дигитални табли низ сите основни училишта во Кисела Вода се искачи на 52, како и 92 смарт телевизори кои се користат во наставниот процес. Овие напредни технолошки алатки ќе го олеснат процесот на совладување на наставниот материјал на учениците, ќе ја поттикне креативноста и иновативноста, што значи поквалитетно образование и создавање на образован кадар кој во иднина ќе може добро да се презентира на пазарот на трудот во Република Македонија. Оттука, инвестициите во основните училишта кои се под надлежност на нашата општина ќе продолжат со несмален интензитет во периодот што е пред нас, во инфраструктурен и во смисол на вложувања во нагледни средства, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пумас го раскина договорот со Дани Алвеш

Следно

Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на Нов Зеланд по изненадувачката оставка на Ардерн

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop