Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на Нов Зеланд по изненадувачката оставка на Ардерн

January 21, 2023
1 min read

Тој на функцијата ќе остане до следните избори закажани за октомври годинава за кога прогнозите се дека на Лабуристите ќе им биде тешко да освојат уште еден мандат

Ардерн си поднесе оставка велејќи дека веќе нема енергија. Јас сум човек, рече таа, даваме колку можеме, а потоа е време да си одиме. Водењето на една земја, додаде премиерката во заминување, е најпривилегираната, но и најпредизвикувачката работа и не може и не треба да ја работите таа работа ако немате многу енергија

Крис Хикинс / Фото: EPA-EFE/BEN MCKAY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Актулниот министер за образование, полиција и јавни служби, Крис Хипкинс (44), веројатно ќе биде нов премиер на Нов Зеланд на местото на Џасинда Ардерн, која во четвртокот ја изненади јавноста објавувајќи дека си поднесува оставка.

Тој е единствениот номиниран за лидерската позиција на Лабуристичката партија, објавија оттаму, и се очекува утре и формално да биде потврден на состанок на пратениците од оваа партија.

Фактот што немаше други номинира кандидати говори дека пратениците стојат зад Хипкинс за да избегнат долготрајна трка за лидерската позиција во партијата, а со тоа и за премиерската функција.

Хипкинс првпат беше избран за пратеник во 2008 година, а во јавноста стана познат кога беше именуван за министер за ковид-19 во ноември 2020 година.

Тој ќе биде премиер до следните општи избори во Нов Зеланд закажани за 14 октомври 2023, за кога прогнозите се дека на Лабуристите ќе им биде тешко да освојат уште еден, трет последователен мандат, за да ја предводат владата пред конзервативната Национална партија.

Досегашната премиерка, Џасинда Ардерн, важеше за глобално призната како лице на прогресивната политика и рок ѕвезда на политичката сцена,

Таа ја водеше земјата во период кога се соочи со природни катастрофи, пандемијата на корона вирусот и најтешкиот терористички напад. Кога во четвртокот најави оставка рече дека веќе нема „доволно енергија“.

„Јас сум човек. Даваме колку што можеме, колку што можеме, а потоа е време да си одиме. За мене, тоа време е дојдено“,

рече Ардерн.

Водењето на една земја, порача таа, е најпривилегираната, но и најпредизвикувачката работа и не може и не треба да ја работите таа работа ако немате многу енергија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кисела Вода обезбеди 17 смарт ТВ и 8 смарт табли за основните училишта

Следно

Хорор на Тибет, најмалку 28 загинати во лавина

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop