Ким во писмо до Путин вети дополнително зајакнување на врските со Русија

December 31, 2024
1 min read

о писмото до рускиот претседател Владимир Путин испратено вчера, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе го зајакне сеопфатното стратешко партнерство со Русија, јави севернокорејска агенција КЦНА.

Во писмото, Ким Џонг-ун им ја честиташе Новата година на Владимир Путин и на сите Руси, вклучително и нивните војници и ја изрази својата подготвеност за дополнително зајакнување на билатералните врски, кои, како што рече, двајцата лидери го поставиле на највисоко ниво оваа година со нови проекти, пренесе КЦНА.

Ким посака новата 2025 година да биде запишана како прва година на победа во 21 век кога руската армија и народ ќе го поразат неонацизмот и ќе постигнат голема победа, додава агенцијата.

На самитот во јуни, Ким и Путин потпишаа договор за заемна одбрана, според кој секоја страна е обврзана да и помогне на другата во случај на вооружен напад.

Оттогаш Северна Кореја испрати десетици илјади војници во Русија за да и помогнат во војната против Украина, а Сеул и Вашингтон соопштија дека повеќе од илјада се убиени или ранети.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Берово утрово најстудено, -7 степени, дневната температура во земјава денеска од 7 до 14 степени

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, го рехабилитираме системот и владеењето на правото

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop