Ќе му зготви ли Пригожин бунт на Путин?

May 28, 2023
1 min read

Поранешниот руски командант Игор Гиркин тврди дека Русија во иднина може да се соочи со побуна од Вагнер групата и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин.

Вагнер се едни од најпосветените и најефикасни војници кои се борат на руска страна а Пригожин има блиски односи со рускиот претседател. Вагнеровци се доста видливи во тековниот конфликт во Украина, особено во битката за Бахмут, во која Пригожин призна дека илјадници негови луѓе биле изгубени.

Тој неодамна објави дека неговите борци ќе се повлечат од Бахмут до 1 јуни, предавајќи им „позиции, муниција, вклучително и суви оброци“ на регуларните руски војници.

Притоа, олигархот познат како „готвачот на Путин“ (неговите ресторани обезбедуваат кетеринг за Кремљ) упати непријатни критики кон високите воени лица за нивното справување со Бахмут и оцени дека инвазијата има дадено контра-ефект.

„Во однос на демилитаризацијата…ако на почетокот на специјалната операција имаа 500 тенкови, а [сега] имаат 5.000 тенкови“, го пренесува Њусвик. „Ако имаа 20.000 луѓе обучени за борба а сега имаат 400.000 луѓе, како ги демилитаризиравме?

Со ваквите коментари, според Гиркин, некогашен воен командант на сепаратистичките сили во Донбас, Пригожин прави терен за евентуален бунт и пуч на Вагнер во Кремљ.

Гиркин проценува дека изгледите за бунт зависат од рускиот одговор на претстојната украинска контра-офанзива и дека ако Русија доживее сериозни порази на фронтот, политичката ситуација во Русија може значајно да биде сменета до крајот на летото.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво” 28.5.2023

Следно

Избори во Туркије: Киргизите во Ван гласаа облечени во народни носии

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop