Избори во Туркије: Киргизите во Ван гласаа облечени во народни носии

May 28, 2023
1 min read

ВАН (АА) – Киргизите, кои живеат во округот Ерџис во турската област Ван, во вториот круг на гласање на претседателските избори во Туркије гласаа облечени во народни носии, известува Анадолу.

Неколку лица на гласање дојдоа јавајќи коњи, додека жените на гласање ги донесоа и децата.

Киргизите емигрираа во Туркије од Палмирската Висорамнина во 1982 година.

Избирачките места низ Туркије се отворени утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време), со што започна гласањето од вториот круг на претседателските избори во оваа земја.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас во вториот круг избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народна алијанса, и Кемал Киличдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса. Во вториот круг на изборите во Туркије право на глас дополнително имаат 47.523 гласачи што во меѓувреме навршиле 18 години.

Во првиот круг од изборите, одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89 отсто од гласовите. Народна алијанса на Ердоган, предводена од владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), освои мнозинство во државниот Парламент во првиот круг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе му зготви ли Пригожин бунт на Путин?

Следно

Во Шпанија се гласа на првите избори по 2019 година

Latest from Blog

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште
Go toTop