Министерството за развој на Грција изрече парична казна од 561.000 евра за компанија за млеко и млечни производи, за профитерство, а меѓу другото и за високите цени на млекото за бебиња, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство соопштија дека по спроведените контроли на голем број производи, било констатирано за девет од нив, вклучително и бебешките млечни производи, компанијата остварила поголема профитна маржа од она што го дозволува грчкиот закон.

Министерот за развој на Грција Костас Скрекас истакна дека станува збор за висока казна за една од најпознатите компании специјализирани, меѓу другото и за млеко за бебиња, додаде дека контролите ќе продолжат и „нема да се толерираат неправедни практики на профитерство“.

Во изминатиот период во Грција имаше низа реакции за цената за млекото за бебиња, која е и до 213 отсто повиска во споредба со цената во други земји од Европската Унија.

Денешнта казна е прва изречена на компанија која произведува и млеко за бебиња.