Касами за Бугарите во Уставот: И мене и на Мицкоски не ни се допаѓаат многу работи, но обврзани сме да ги направиме заради ЕУ

January 13, 2023
1 min read

Ние зборуваме за ориентација на државата кон ЕУ и зборуваме за критериуми што треба да ги исполниме кон ЕУ. И тука, оценувам, како за мене така и за г. Мицкоски, има многу работи што не ни се допаѓаат, но сме обврзани да ги спроведеме во функција на интеграција на државата во ЕУ, одговори лидерот на Движењето Беса за ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека уставните измени за внесување на Бугарите се предавство

Движењето БЕСА не ја условува поддршката за уставни измени заради внесување на Бугарите со барањето за бришење на дефиницијата за „20 отсто“, рече лидерот на оваа партија и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

„Движењето Беса немало, нема и нема да има дилема околу евроинтеграциите на Северна Македонија. Во оваа насока сме кажале дека секој чекор, секоја активност, секоја одлука што оди во насока на забрзување на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство, за нас тоа не се ни дискутира … Беса, во насока на унапредување на правата на граѓаните, а во овој случај на Албанците, бара со идните уставни измени да влезе и во промената на потценувачката дефиниција 20% и тоа не го наметнуваме во ниту еден момент како услов за уставните измени кои се однесуваат на договорот со Бугарија и внесување на бугарската заедница“,

рече Касами.

Билал Касами – гостин во „360 степени“

Касами го повтори ставот дека ако власта сака да го постави прашањето за уставни измени, тогаш треба да понуди нешто и тоа што го бара Беса се предвремени избори. Прашан дали за овој свој став разговарал со Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партија со која се во коалиција на локално ниво во Тетово, лидерот на Беса одговори:

„Зборуваме за став на Движењето Беса и сигурно дека тука имаме разлики со г. Мицкоски и другите партии. Зборуваме за тоа што цениме дека Владата во овој формат ако сака да го турка напред евроинтеграцискиот процес, треба да седне и со Беса, и со другите партии, во овој случај и со ВМРО за да стигне до 80 пратеници за да се реализираат уставните измени. Ако не, тогаш оваа Влада е обврзана да распише предвремени избори и да отвори пат на друга партија, на друга структура која ќе преземе одговорност за уставните измени и туркањето на процесот напред“.

рече Касами.

Касами беше прашан и за ставовите на Мицкоски за внесувањето на Бугарите во Уставот за што во последната своја изјава рече дека е предавство.

„Во политика не секогаш треба да ти се допаднат политичките ставови било на соработниците или противниците, ние зборуваме за ориентација на државата кон ЕУ и зборуваме за критериуми што треба да ги исполниме кон ЕУ. И тука, оценувам, како за мене така и за г. Мицкоски, има многу работи што не ни се допаѓаат, но сме обврзани да ги спроведеме во функција на интеграција на државата во ЕУ“,

одговори лидерот на Движењето Беса.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски со дел од потесното раководнство на партијата на традиционалниот ромски бал

Следно

Фон дер Лајен: Цените на бензинот во ЕУ се пониски отколку пред руската инвазија

Latest from Blog

Томовски: Во текот на летниот период сите службени возила ќе бидат обележани!

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во вечерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека „во рамките на Владата е формирана работна група којашто работела на изработка на правилник за специјални

Ласовска во 24 анализа: Гневот и изјавите на родителите од Кочани се оправдани

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска во 24 анализа рече дека изјавите на родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се оправдани. Таа објасни и дека очекува правда и

Томовски за злоупотребите во Владата: Прв пример ни е Маричиќ, најголем потрошувач!

Во денешното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, директорот на СОЗР, Ивица Томовски вели дека Маричиќ бил најголем потрошувач во Владата. -Можеби работите одат споро, но има одредени дела, така е

Георгиевски во Аргумент плус: Во Македонија тешко се создава традиција но лесно се руши

Ѕвездан Георгиевски директорот на Фондацијата „Славко Јаневски“ во Аргумент плус рече дека одговорноста за одржување на контиунитет на наградата е огромна. Според него, и покрај сите предизвици добро е што и по

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григориан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција
Go toTop