Фон дер Лајен: Цените на бензинот во ЕУ се пониски отколку пред руската инвазија

January 13, 2023
1 min read

Русија се обиде да не уценува, но не успеа благодарение на нашето единство. Напорната работа се исплатеше. Цените на бензинот сега се пониски отколку пред руската инвазија, рече претседателката на Европската комисија

ФОТО: EPA-EFE/Jonas Ekstromer SWEDEN OUT

Цените на бензинот сега се пониски во ЕУ отколку пред руската инвазија на Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Мораме да продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија и, се разбира, ќе продолжиме со нашата непоколеблива поддршка за Украина“,

додаде таа на прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Кируна, Шведска.

На почетокот на шестмесечното претседавање на Шведска со Европската унија, Фон дер Лајен рече дека Русија го намалила снабдувањето со гас за ЕУ за 80 отсто во осум месеци од почетокот на конфликтот во Украина, но дека ЕУ го компензирала тоа со диверзифицирање.

„Без сомнение, пред војната бевме премногу зависни од руските фосилни горива. И Русија ја искористи оваа зависност и почна да води енергетска војна. Русија се обиде да не уценува, но не успеа благодарение на нашето единство. Напорната работа се исплатеше. Цените на бензинот сега се пониски отколку пред руската инвазија“,

рече Фон дер Лајен.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Касами за Бугарите во Уставот: И мене и на Мицкоски не ни се допаѓаат многу работи, но обврзани сме да ги направиме заради ЕУ

Следно

Талески: Овој пораз нека ни биде школа, нема да ни ја сруши самодовербата

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop