Калевска во 24 анализа: Интерпелацијата на членовите на Судски совет е груб упад во една од трите власти

March 12, 2025
1 min read

Поранешната пратеничка од СДСМ, Снежана Калевска во 24 анализа рече дека интерпелацијата на членовите на Судски совет ја гледа како груб упад во една од трите власти. Според неа, ваквата постапка е незаконска и неуставна.

„Искрено јас не можам да ја разберам интерпелацијата поинаку освен како груб упад во една од трите власти. Не дека Собранието не може да дебатира, секогаш се дебатира и кога стаува збор за извештајот кога го донесуваат до Собранието е момент кога се дискутира за состјбите во правосудството. Не сакам а навлегувам дали се адекватни персонално, дали има одговорност, јас морам да говорам дека со ова се врши груб упад и можем да кажам дека ова е еден вид хајка и ако препиерот си дзволува да каже дека морам да бидат разрешени како може да се разбери освен дека се ќе се употреби за да се разрешат и тоа е опасен преседан кој го нарушува уставниот поредок“, рече Калевска.

Таа објасни дека целата поспатпка е незаконска.

„Јас веќе кажав амандманот 18 точка 1 став 1 каде е поставена независноста на судската власт наспроти другите две власти и многу често во јавноста се зборува дека е трета власт, и тоа е погрешно бидејќи таа е една од трите власти. Во точка 1 став 9 е наведено дека основите и постапката за престанок на членство во Судски совет е утвредно со Закон, затоа реков дека е упад и оваа постапка не е право. Дали сме задоволни или не не може да биде причина ние да направиме ваков упад и да постапуваме вака. Ниту е уставно ниту е законски. Уставот упатува на посебен Закон а тоа е Закон за Судски совет и тоа е во член 31 каде стои како точно еден член на Судски совет може да биде разрешен“, додаде Калевска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската противбродска ракета Атмаџа успешно погоди подводна цел

Следно

Протести во Бугарија со барања за правна држава и фер избори

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop