Протести во Бугарија со барања за правна држава и фер избори

March 12, 2025
1 min read

Пред зградата на Судската палата во Софија се одржува протестна акција под мотото „#КОЈ ја блокира уставната реформа“, а граѓаните изразуваат поддршка за владеењето на правото и за фер и транспарентни избори. Настанот е организиран од граѓанската иницијатива „Правда за секого“ и беше најавен преку социјалните мрежи.

Во областа околу протестот има распоредено засилено полициско присуство.

– Време е институциите да си ја знаат својата улога и да работат заедно. Кога нема координација меѓу државните органи, нема ни економски напредок ни подобрување на животниот стандард,  изјави еден од учесниците, Георги Куртев, пренесува БТА.

Според Соња Глушкова, исто така учесничка на протестот, „неприфатливо е обвинителството да се меша во работата на Уставниот суд“, алудирајќи на последните политички случувања во Бугарија.

По собирот пред Судската палата, демонстрантите продолжија со мирен марш низ централните улици на Софија за на крај да стигнат до зградата на Народното собрание. Поради протестот, привремено беше нарушен сообраќајот во централното градско подрачје, но настанот помина без инциденти.

Слични протести денеска се одржаа и во Бургас, Плевен и Пловдив.

Во исто време, во бугарскиот парламент продолжија сослушувањата поврзани со легитимноста на изборите одржани на 27 октомври. По вчерашната итна седница, денеска сведочеа судските вештаци ангажирани во постапката. Истрагата беше иницирана по изјавата на претседателката на Уставниот суд, Павлина Панова, која предупреди дека „работата на судот не смее да зависи од дејствијата или неактивноста на други државни органи“.

Софиското градско обвинителство, пак, соопшти дека спроведува истрага за исчезнати гласачки ливчиња од парламентарните избори. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калевска во 24 анализа: Интерпелацијата на членовите на Судски совет е груб упад во една од трите власти

Следно

МНР на Бугарија за изјавите на Мицкоски: Уште еднаш демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права

Latest from Blog

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на
Go toTop