Каде отидоа парите од ЕУ?! – Владата без конкретен одговор, од СЕП молк!

1 min read

реклама


Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство…По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници…Се е заглавено поради недостаток на имплементација, корупција и непотизмот. Со едноставни зборови, нема вистинска политичка волја за промена“, вели Дирк Јан Коп.

По втор пат за неколку месеци холандскиот амбасадор во Скопје, Јан Коп директно в лице ни ја кажа суровата вистина. Како што вели тој, покрај огромната помош од ЕУ на патот кон евроинтеграциите и реформите, резултатите не се видливи. Главниот проблем се корупцијата и немањето политичка волја за промени.

реклама

Но, од Владата без конкретен одговор на нашето прашање каде завршиле парите, на граѓаните на земјите од ЕУ, за кои зборува Јан Коп. Во одговорот кој го добивме се вели дека оваа власт направила многу во изминатите неколку години и дека виновна за ваквата состојба е претходната гарнитура. Северна Македонија е подготвена со интензиво темпо да работи на реформите кои претстојат, согласно и најавениот План за раст на претседателката на ЕК Фон дер Лејен, велат меѓудругото од Владата.

„После повеќе од децениски застој и активно и системско уназадување на сите демократски процеси кои ја донесоа земјата до статусот заробена држава, во изминативе шест години Северна Македонија успеа да ја возобнови демократијата во државата и денес да биде препознаена како демократски систем во кој секојдневно и активно се работи на подобрување на сите сфери на работење и функционирање, вклучително и зајакнување на функционалното владеење на правото“, вели Владата на РСМ.

реклама

Од владата велат, дека на тој пат, ја имале Холандија, и додаваат дека ќе продолжат да сметаат на поддршката на партнерските земји, како Холандија.

Во одговорот кој го добивме, Владата вели дека треба да се има предвид дека законодавната, извршната и судската власт во државата се независни во своето делување, и дека во контекстот на евроинтеграциите секоја власт поединечно, во рамките на своите надлежности, треба да вложува во подобрување на својата работа, а во интерес на граѓаните.

реклама

ТВ21 побара став и од Секретаријатот за европски прашања за став во врска со изјавата на Коп, но и по три дена чекање, одговор не добивме.

реклама



Претходно

Вториот конвој со помош влегува во Газа преку египетскиот премин Рафах

Следно

Мицевски: СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава, Македонија е празна поради нивните системски грешки

Latest from Blog

Кој е Ебрахим Реиси?

Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси долго време се сметаше за штитеник на иранскиот врховен лидер ајатолахот