ЈСП ги потсетува корисниците да ги продолжат билетите за бесплатен превоз во 2024 година

December 28, 2023
1 min read

Јавното сообраќајно претпријатије ЈСП-Скопје ги потсетува возрасните лица, корисници на бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, да ги продолжат/заверат билетите за наредната година, доколку сакаат да го користат правото на бесплатно возење во посочените денови и во 2024 година.Воедно се упатува и потсетување и до студентите дека и за нив е потребно да го заверат билетот за 2024 година.

ЈСП информира дека продолжувањето на овие билети се врши со лично присутво и со лична картана увид додека студентите треба да достават потврда за редовен студент издадена од високообразовна институција не постра од 30 дена плус индекс за запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2023/2024 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година,информираат од ЈСП Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДИК го усвои оперативниот план на стручната служба за менаџирање избори

Следно

Последни пратенички прашања за годинава – Јанушев: Зошто се чекало за истрага за возилото?

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop