Јовановиќ во Отворено: Царините кои ќе ги воведе Трамп се закана за освојување на повисоки цели

January 28, 2025
1 min read

Бранимир Јовановиќ од Виенски институт во Отворено рече дека царините кои ги најави Трамп се закани кои ќе ги користи за остварување на дополнителни цели. Според него, иако се очекуваше дека ќе ги воведе веднаш штом ќе седне на претседателската фотелја, сепак нејасно и неочекувано е кога ќе станат официјални.

„Неизвесно е кога ќе ги воведе царините и најверојатно на нив гледа како закана или оружје за освојување на повисоки цели. Ако ги прашате економистите како ќе влијаат овие царини на економијата ќе ви кажат дека овие царини ќе влијаат негативно. Ќе ја забават економијата, ќе ја зголемат невработеноста и ќе направи инфлација. Ако ги прашате банкарите ќе ви кажат дека Трамп е добар за нив а тоа е виде и на инаугурацијата бидејќи таму беа и најголемите бизнисмени и банкари“, изјави Јовановиќ и додаде дека Трамп ќе биде добар само за богатите а не и за работничката класа.

Тој рече дека на почеток очекува Трамп да воведе некакви поблаги царини со цел да види како би реагирале земјите кон кои се воведени. Според него, незивесно е и дали најпрво ќе стави царина со ЕУ или Кина.

„Она што гледам до сега е дека ЕУ му праќа знаци на Трамп и му поажува дека сака да се договори , додека пак Кина мудро молчи. Кон Кина Трамп воведе царини и во текот на првиот мандат но Кина не беше толку погодена така што и ако овој пат воведе царини Кина повторно нема да биде многу ефектирана бидјеќи таа сега е отворена кн други пазари. Мислам дека поголеми се шансите да воведе царини кон ЕУ за почеток“, додаде Јовановиќ.

За тоа какво влијание би имале ваквите царини во Македонија, тој појасни дека како и секоја друга балканска економија и македонската би имала големи последици. Јовановиќ смета дека за да се заштити економијата од негативните ефекти потребно е да се смени економскиот пазар и државата да се отвори и кон други пазари.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на турската парламентарна комисија: „Балканот е исклучително важен за светскиот мир и стабилност“

Следно

Нова драма во Загреб, Франција со гол од центар во последната секунда го победи Египет (ВИДЕО)

Latest from Blog

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со
Go toTop