Јаневска во Аргумент плус: Програмата за средно гимназиско образование не е менувана повеќе од 20 години, се работи на нова концепција

January 27, 2025
1 min read

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во Аргумент плус рече дека новата концепција за средно гимназиско образование која се подготвува периодов ќе внесе нов пристап на учење преку кој учениците ќе се мотивираат да учат и напредуваат.

Според неа, со новата програма ниту еден наставник нема да остане без работа туку ќе им се дозволи на учениците да се насочат кон својата иднина.

„Програмата за средно гимназиско образование не е менувана повеќе од 20 години и не ги дава очекуваните и потребни резултати. Програмата мора да се промени за учениците да бидат подготвени и иако средното гимназиско образование треба да даде општа претстава сепак ние понудивме нова концепција која е иновативна. Тоа значи дека во текот на четири години учениците ќе имаат обврзни предмети а во последните две ќе имаат изборни предмети од областа на технологијата и природно математичките науки и од општествените науки“, рече Јаневска и објасни дека иако со новата концепција предметот филозофија ќе се воведе како изборен сепак учениците ќе имаат можност да го изберат.

„Концепцијата е ставена на јавна расправа и во моментов собираме сугестии и се обидуваме да најдеме баланс. Проблемот тука е што филозофијата е изборен предмет и има страв дека нема да биде биран од учениците но јасно е дека учениците нема по цели паралелки да бираат предмети туку ќе бираат во согласност што она ги интересира“, изјави министерката и додаде дека критичкото мислење не се изучува само во предметот филозофија туку и во останатите предмети.

Јаневска потенцираше дека и понатаму во фокусот на МОН ќе останат проблемите со нерегуларостите, несоодветниот кадар и акредитацијата на студентските програми за кои итно мора да се изнајдат решенија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега

Следно

Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop