Јаневска: Учебници ќе има за секое дете, ќе ги надминеме недоразбирањата со некои училишта и општини

June 10, 2025
1 min read

Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната работна посета на Тетово изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете и оти  дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања што постојат на релации министерство-општини-училишта. 

-Очигледно има некакви недоразбирања меѓу раководствата на училиштата, па и меѓу некои општини и централната власт.  Учебници треба да има за секое дете. Министерството ќе обезбеди учебник за секое дете. Постојат нeкои недоразбирања каде што се бара учебници кои реално ги нема и реално нема ни учебници затоа што училиштата не ги побарале од министерството. Оваа година сериозно ќе се потрудиме тој предизвик да го надминеме и токму затоа утре ќе имаме прес-конференција. Молам да следите сè во детали, ќе биде опишано за да не доаѓа до такви недоразбирања, истакна Јаневска на последниот ден од учебната година и по повод завршената реконструкција на ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш“ во Тетово. 

На новинарско прашање зошто нема наставници за албански јазик во дијаспората, Јаневска рече дека недостиг има и за двата јазика (македонски и албански) и оти се работи на наоѓање решение.

-Нема ни кај Албанците ни кај Македонците. Во тек сме и со тој проблем. Планираме секоја година да зголемуваме одреден број, но имав искуство во неколку држави во кои иселениците сами се организираат да си најдат наставник од локално ниво. Оти тие меѓу себе имаат и по некој наставник. Доколку тие го обезбедат наставникот, затоа што е полесно да е од таму отколку да патува од Македонија и да има одвоен живот од семејството, ние максимално ќе ги поддржиме. И не е битно дали се Албанци или Македонци, и Турци и Срби и така натаму, секаде каде што има потреба, максимално ќе ја поддржиме и ќе направиме сè што можеме, одговори Јаневска.  

На прашање до кога ќе се чекаат одредени реконструкции или нови згради за училишта низ државата, Јаневска посочи дека новата влада постојано вложува во инфраструктурата, но оцени дека за една година може да се направат само определени работи.

Соопшти дека со 32 000 000 евра се инвестира во повеќе инфраструктурни проекти – во моментов се градат  седум училишни згради, 20 училишта се реновираат, во тек е  изградба на четири спортски сали и се реконструираат два студентски дома.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дејвис куп: Македонија поведе против Малта

Следно

Убиени ученици и наставници во пукање во училиште во Грац, напаѓачот си го одзел животот

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop