Израелската армија на Цветници урна христијански споменик во Јужен Либан

April 14, 2025
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелската армија со градежна машинерија урна христијански споменик во Јужен Либан, известува Анадолу.

Христијаните во Либан беа информирани дека споменикот во појасот Јарун, во јужната провинција Набатие, е урнат од страна на Израел на празникот Цветници (христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим и се слави една недела пред Велигден).

Мустафа Бајрам, поранешен министер за труд, на својот профил на платформата Х сподели слики од израелски војници како го уриваат споменикот со булдожер.

„Ционистичкиот непријател уништува споменик што е еден од верските симболи во Јужен Либан“, напиша тој во својата објава. Тој наведе дека „Израел го сними уништувањето за да го докаже своето непријателство кон сè друго, освен кон себе.“

„(Израел) Тој е чуден окупаторски ентитет и му нема место меѓу народите од регионот“, рече Бајрам.

Либанската официјална новинска агенција ННА во текстот за инцидентот го наведе следново:

„Непријателот Израел ја уништи статуата на свети Ѓорѓи во градот Јарун, како дел од неговите прекршувања насочени кон Либан.“

– Прекинот на огнот меѓу Либан и Израел и неговите прекршувања

И покрај договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, постигнат на 27 ноември 2024 година, Израел често го прекршува договорот.

Одборот за надзор на прекинот на огнот, формиран во рамките на договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел, покрај привремените мировни сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), Либан и Израел, ги вклучува и Франција и САД.

Израелската армија, која навлегуваше во градовите на границата за време на копнените напади врз Либан, сѐ уште е присутна на пет точки: ридовите Хамамис, Азије, Увејда и Лебун и планината Балат и покрај клаузулата за повлекување што го наложува договорот за прекин на огнот.

Најмалку 100 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во Либан во нападите извршени од израелската армија по прекинот на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Советничка од Кочани поднесе оставка: „Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“

Следно

Зидан бил импресиониран од Модриќ и Бензема

Latest from Blog

Горивата поскапуваат!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во

Раст на цените, закани од Владата: Колку се ефективни мерките?

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги предупреди трговците дека ако продолжат со непочитување на владините мерки за контрола на цените, ќе бидат применети поригорозни мерки. Во случај на значителни поскапувања

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се

Охриѓанец со „пасат“ удрил во столб за видеонадзор на ГП Табановце

Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција. – Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на
Go toTop