(ФОТО) Свеќите пред „Песталоци“ и денеска сведочат за тагата по Вања, оние што не се на погреб оддаваат почит во нејзиното училиште

2 mins read

Од она што на прва можеше утрово да се забележи, наставата во училиштето се одвива редовно. Во дворот на училиштето владее тишина. А, пред самиот влез во училиштето стојат запалени свеќи

На врата нè пречека обезбедувањето на училиштето. Ни рече дека можеме да влеземе да се потпишеме во книгата на жалост. Но, не ни дозволија да направиме фотографии внатре во училиштето

Цвеќиња и кадифени играчки стојат околу масата каде што е поставена книгата на жалост во холот на училиштето „Јохан Хајнрих-Песталоци“ во скопски Центар, каде што во 9 одделение учеше 14-годишната Вања, која завчера беше пронајдена мртва во околната на Скопје, а седум дена се водеше за исчезната.

Училиштето каде што учеше таа и денеска е обвиено во тага.

Веќе втор ден стои слика со нејзиниот лик, прекриена со црна лента на масата до која е поставена и книгата на жалост.

Од она што на прва можеше утрово да се забележи, наставата во училиштето настава се одвива редовно.

Во дворот на училиштето владее тишина, а пред самиот влез стојат запалени свеќи.

Фото: „360 Степени“

На врата нè пречека обезбедувањето на училиштето. Ни рекоа дека можеме да влеземе да се потпишеме во книгата на жалост.

Но, не дозволија да направиме фотографии внатре во училиштето.

„Ве молиме, има деца, се вознемируваат. Денеска е погребот на Вања“,

кусо одговорија.

Додека екипа на „360 степени“ беше во дворот на училиштето дојдоа неколкумина да ѝ оддадат почит на Вања, со пишан збор.

Со насолзени очи рекоа дека не можат да одат на погреб, но сакаат да напишат нешто убаво за неа.

„Трагедија, каква што не се помни. Занемени сме“,

додадоа тие.

Директорката на училиштето Катерина Атанасова вчера и денеска не одговара на телефонските повици.

„Ни замина Вања“, рече вчера наставичката која на Вања ѝ предавала од прво до трето одделение.

Рече дека Вања била мирно и повлечено дете.

„Исклучително дете. Дете за пример. И родителите беа фини и кооперативни“,

со треперлив глас додаде таа.

Министерството за образование и наука денеска предложи поддршка за Основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“ за ангажирање дополнителен кадар – педагози и психолози кои ќе им бидат на располагање на учениците во пребродување на последиците од случајот со Вања.

„И по трагичниот настан, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација“,

велат од МОН.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера попладне во скопското училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“, се потпишаа во книгата на жалост отворена да и се оддаде почит на малата Вања.

Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на прес-конференција ги соопштија сознанијата за грозоморните убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Дадоа своевидна хронологија и реконструкција на настаните, според досега собраните докази, но нагласија дека досегашните информации и сознанија ги темелат главно на исказите на двајца од тројцата осомничени на кои им е одреден 48-часовен притвор, а дел од нив се поткрепени и со материјални докази обезбеди во досегашниот тек на истрагата.

Првоосомничен за убиството е скопјанецот Љупчо Палевски-Палчо кој е во бегство и се смета дека е надвор од државата и по кого во моментот кога предистражните дејствија ќе преминат во истрага, ќе биде распишана потерница. Тој, според досегашните сознанија, ги испукал куршумите со кои е усмртено девојчето, кое потоа е закопано во атарот на селото Бразда во Општината Чучер Сандево, како и велешанецот Панче Жежовски.

Таткото на Вања Ѓорчевска вчера вечер беше спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Претходно беше на распит во полициска станица.

Тој беше на распит синоќа во полициска станица, а главниот јавен обвинител вчера рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите ги добиле информациите од нејзиниот татко за тоа кога девојчето ќе излезе од дома.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

На Харвард ќе се изучува нов предмет – Тејлор Свифт

Следно

Израелска армија: Од 31 октомври врз Газа се истрелани повеќе од 100.000 гранати

Latest from Blog