Израел изврши нови воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа, погоден центар за рехабилитација

1 min read

ГАЗА (АА) – Повеќемина Палестинци загинаа денес во новите израелски воздушни напади во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, тврдат очевидци, јавува Анадолу.

Според нив, нападите биле насочени кон Добротворното друштво за рехабилитација Асалам и околните куќи, предизвикувајќи големо уништување во подрачјето.

Палестинското Министерство за здравство сѐ уште не ги потврди жртвите.

Израел започна бомбардирање од воздух и копно на Појасот Газа, воведе опсада и започна копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Според здравствените власти во Газа, оттогаш во израелските напади загинати се најмалку 19.453 Палестинци, а 52.286 се повредени.

Се верува дека речиси 1.200 Израелци се убиени во нападот на Хамас, додека повеќе од 130 заложници остануваат во заробеништво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Со пренамена на средства од МЗ ќе се реконструира амбуланта во Општина Илинден

Следно

Костовски: Пендаровски цврсто стои зад европскиот пат и прозападната ориентација на земјата

Latest from Blog