Костовски: Пендаровски цврсто стои зад европскиот пат и прозападната ориентација на земјата

1 min read

реклама


Мартин Костовски, пратеник на СДСМ денеска на прес конференција посочи дека сведоци биле на едно државничко обраќање на Претседателот Стево Пендаровски како претседател на сите граѓани.

Според него, Пендаровски ги опфати предизвиците во изминатите години со фокус на клучните државни и национални цели: членството во НАТО и ЕУ.

реклама

„СДСМ го поздравува фактот што Претседателот Пендаровски цврсто стои на ставот дека државата мора да опстои на европскиот пат и прозападната ориентација, затоа што тоа е наша единствена алтернатива.

Членството во ЕУ значи подобар стандард за граѓаните, повисоки плати и пензии, сигурна европска иднина за младите генерации.

реклама

Лагите и манипулациите за бугаризација и асимилација заедно со лагите дека ќе биде загубен македонскиот јазик и идентитет се поразени.

Македонскиот јазик е потврден во ЕУ, Договорот со Фронтекст е прв договор кој тоа го потврдува, а Унијата веќе започна и процес на ангажирање преведувачи и толкувачи од македонски јазик.

реклама

Ние како пратеници од СДСМ сме горди за сите одлуки кои го овозможивме македонскиот јазик да биде дел од ЕУ. Срамот останува кај пратениците на ДПМНЕ кои со вувузели и тропање по маси го попречуваа процесот.

Иако имавме успешен скрининг, не зопчна отворањето поглавја со ЕУ. Виновниок има име и презиме: тоа е ДПМНЕ.

ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси кои не и мислат добро на земјава.

Со ДПМНЕ и Левица нема ЕУ, слушнавме вчера и до Мицкоски, ниту за 100 години.

Кристално е јасно дека на изборите ќе се судрат два политички блока, два концепти, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица.

ДПМНЕ и Левица се закана за европскиот пат и иднината на државата и ќе бидат поразени.

Пропуштивме историска шанса во 2008 ма година за членство во НАТО и изгубивме 12 години.

Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија ДПМНЕ да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ“, вели Костовски.

реклама

Претходно

Израел изврши нови воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа, погоден центар за рехабилитација

Следно

Разбирањето е во печатен текст, не во дигитален

Latest from Blog