ИЗЛОЖБАТА ОД ДЕЛАТА ЗА СОЛИДАРНО СКОПЈЕ НА МСУ, ПО ВИЕНА, КАДЕ ШТО ЈА ВИДОА 75.000 ПОСЕТИТЕЛИ, СЕ СЕЛИ ВО ПРАГА

March 12, 2024
1 min read

По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарност“ (No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“)  со дела од колекцијата на Музејот на современа уметност (МСУ ) Скопје,  на 21 март ќе се отвори во Прага.

Изложбата за првпат беше отворена лани во април во престижниот простор Кунстхале Виена (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри. Кураторскиот колектив „What, How & for Who/WHW “ кои го креираа концептот на поставката, го сочинуваат: Сабина Саболовиќ, директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин.

Од МСУ велат дека поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 , за девет месеци во Кунстхале ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители, а само на отворањето преку 1.000.

Од колекцијата на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.

„Изложбата со дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје не само што обезбедува синергија на новосоздадени дела на осум уметници со дела од колекцијата, туку ги истражува и начините на кои одредени дела од збирката можат да прикажуваат нови идеи, значења и адресирање на актуелните општествени и уметнички предизвици. Поаѓајќи од овие размислувања, треба да се согледа дека колекцијата на МСУ е од големо значење за изложби кои имаат за цел да ги обноват претставите за солидарноста, како и да ја инспирираат нашата имагинација за тоа што би можело да се направи денес“, вели Тихомир Топузовски, в. д. директор на МСУ Скопје.

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната
преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ и кои ќе
бидат поставени во корелација со нивните авторски дела.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември.

 

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Не знаеме со кој образ повторно ќе излезе Пендаровски на избори да ја бара довербата од граѓаните

Следно

ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Камерунците суспендираа 62 играчи поради лажирање возраст, меѓу нив и 17-годишен репрезентативец

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop