ВМРО-ДПМНЕ: Не знаеме со кој образ повторно ќе излезе Пендаровски на избори да ја бара довербата од граѓаните

March 12, 2024
1 min read

-Стево Пендаровски пред да го изберат за претседател говореше дека имал обичај да го слуша народот, оти од народот сакал да чуе што треба да се прави. Но Стево не би бил Стево ако сам себе не се демантира или ако не прави обратно од тоа што го кажува. Откако стапи на функцијата претседател тој заборави да го слуша народот, па уште и отиде до таму што почна арогантно да му наредува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено тој јавно кажа дека ги игнорира сигналите од електоратот, и посочи дека функционерите меѓу кои и тој самиот треба да му кажуваат на народот и не треба да се прашуваат граѓаните. Ова скандалозно гледиште на Пендаровски говори за неговиот демократски капацитет, но во исто време и за хипокризијата. Само не знаеме со кој образ сега повторно ќе излезе на избори да ја бара довербата од граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ

Според нив, Пендаровски со ваквите изјави го изгуби целосно својот кредибилитет и интегритет.

-Тој во исто време со своите политики и однесување го погази достоинството на народот и на Македонија. Време е за промени, завршуваат од партијата.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реакција од НСПВ за Законот за вработени во МО и за Колективниот договор

Следно

ИЗЛОЖБАТА ОД ДЕЛАТА ЗА СОЛИДАРНО СКОПЈЕ НА МСУ, ПО ВИЕНА, КАДЕ ШТО ЈА ВИДОА 75.000 ПОСЕТИТЕЛИ, СЕ СЕЛИ ВО ПРАГА

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop