ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Камерунците суспендираа 62 играчи поради лажирање возраст, меѓу нив и 17-годишен репрезентативец

March 12, 2024
1 min read

Фудбалската федерација на Камерун суспендираше 62 фудбалери поради фалсификување датуми на раѓање.
Дури 62 играчи се осомничени дека лажеле во документи поврзани со нивната возраст, а меѓу нив има и еден сениорски репрезентативец на Камерун.

Станува збор за Вилфрид Дуала, во чии документи стои дека има 17 години.

Дуала, кој игра во средниот ред за камерунскиот премиерлигаш Викторија Јунајтед, на 17-годишна возраст беше најмладиот учесник на Африканскиот куп на нации кој неодамна се одржа во Брегот на Слоновата Коска.

Многумина поради неговиот изглед се посомневаа дека ги лажирал годините, а денешното решение за суспензија ги потврди тие сомнежи.

Истрагата се уште не е завршена, но камерунските медиуми пренесуваат дека здружението има цврсти докази против сите фудбалери, и дека ќе добијат строги казни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЗЛОЖБАТА ОД ДЕЛАТА ЗА СОЛИДАРНО СКОПЈЕ НА МСУ, ПО ВИЕНА, КАДЕ ШТО ЈА ВИДОА 75.000 ПОСЕТИТЕЛИ, СЕ СЕЛИ ВО ПРАГА

Следно

ГРАДИТЕ И ИЗГЛЕДААТ КАКО ДА СЕ ОД ПЛАСТЕЛИН: Теа Таировиќ се кае откако го облече ова деколте, има мистериозни силикони и изгледа како восочна фигура (ФОТО)

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop