Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

March 29, 2026
1 min read

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни.

Предупредувањето доаѓа откако милицијата на Хутите вчера ги продолжи своите ракетни напади врз Израел, поддржувајќи го Иран во конфликтот.

Бродскиот сообраќај низ Црвеното Море и Аденскиот Залив исто така би можел да биде изложен на ризик, а бродовите поврзани со Израел или САД треба да избегнуваат минување низ Црвеното Море и Аденскиот Залив каде што е можно, се вели во предупредувањето на АСПИДЕС.

„Воените капацитети на Хутите во моментов се сметаат за недопрени и значителни“, се наведува во соопштението.

Црвеното Море и Аденскиот Залив се клучни трговски рути, потсетува ДПА.

Израел и САД почнаа координирани напади врз Иран на 28 февруари за време на преговорите за ограничување на способноста на земјата да создаде нуклеарно оружје. Иран отсекогаш инсистираше на тоа дека неговата нуклеарна програма е само за мирнодопски цели.

Освен што ефикасно го затвори Ормутскиот теснец, клучна рута за превоз на глобалните резерви на нафта и гас, Иран одговори со лансирање напади врз Израел, како и врз земјите од Заливот сојузници на САД.

Ограничувањата во Ормутскиот теснец, кој што е од витално значење за глобалниот пазар на нафта и гас, предизвикаа нагло покачување на цените на енергенсите.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Следно

Rrezik në hekurudhën e Llopatit: Sinjalizimi nuk punon, banorët në frikë

Latest from Blog

Меџити: Потпишан е договорот, автопатот Скопје–Блаце влегува во изградба

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го поздрави потпишувањето на договорот за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, оценувајќи дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни

Денеска на Мундијалот: Роналдо против “Фуријата“, Американците сонуваат 1/4 финале

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ По се она што се случуваше во изминатиот ден, по шоуто на Халанд против Бразил и епскиот дуел на “Ацтека“ на кој Англија славеше против Мексико, денеска продолжува 1/8 финалето со

Проданоски: Фудбалски спектакл на голем екран во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена

Британски Ф-35 пресретна руски воен авион. Министерот за одбрана: Знаеме каде е јахтата на Путин

Британското Министерство за одбрана утрово објави дека руски поморски патролен авион „ Bear F “ постојано се приближувал до борбена група на британски носачи на авиони во Норвешкото Море кон крајот на

Потпишан договорот за финансирање: Вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце ќе чини 198,4 милиони евра и ќе има пет тунели

Изградбата на вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце се очекува да започне во август и да трае околу четири години, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Според него, проектот
Go toTop