Изложбата на „Istanbul Photo Awards 2023“ отворена во Анкара

December 20, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Изложбата на натпреварот во фотографии „Istanbul Photo Awards 2023“ беше отворена вчера во турскиот главен град Анкара, а на отворањето присуствуваше претседателот и извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, јавува Анадолу.

Четвртата изложба на „Istanbul Photo Awards 2023“, меѓународниот натпревар за избор на фотографија организиран од Анадолу, се одржува во салата за концерти на Претседателскиот симфониски оркестар (CSO) на Анкара, Ада Анкара.

Четвртата изложба на „Istanbul Photo Awards 2023“, меѓународниот натпревар за избор на фотографија организиран од Анадолу, ќе биде отворена за посетителите до 30 декември.

Говорејќи на церемонијата, Караѓоз рече дека изложбата ги обединува наградените фотографии од „Istanbul Photo Awards 2023“ со цел да се споделат со ентузијастите на фотографијата.

„Кога се набљудуваат меѓународните натпревари за фотографии, станува очигледно дека фотографиите снимени во воените зони, конфликти и кризи често привлекуваат поголемо внимание во споредба со фотографиите без одредена драма“, рече тој.

Истакнувајќи ја предноста на фотографиите кои прикажуваат вознемиреност пред оние кои покажуваат радост и надеж, Караѓоз рече: „Иако знаеме дека тие можат негативно да влијаат на нас, не можеме, а да не ги погледнеме овие фотографии. Поврзувањето со луѓето и градењето силна емпатија често доаѓа од чувството на нивната болка. Оваа врска е најочигледна на фотографиите.“

Караѓоз потсети на интензивните напади на Израел врз Газа коии почнаа од 7 октомври, нагласувајќи дека откривањето на реалноста на војната и воспоставувањето врска меѓу луѓето со страдањата предизвикани од овој конфликт е една од значајните одговорности на Анадолу.

Привлекувајќи внимание на значителниот број жртви меѓу новинарите и медиумските работници во Газа, Караѓоз ја нагласи сериозноста на ситуацијата. „Зборуваме за конфликт во кој животот го загубија вкупно 96 новинари. Меѓу овие новинари е и нашиот колега, камерманот Монтасер ал-Саваф, кој работеше во Газа“, рече тој.

„Минатата недела, израелските сили го нападнаа фоторепортерот на Анадолу, Мустафа Алкаруф, кој работеше во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс)“, рече тој.

„Во име и на Монтасер ал-Саваф и на сите наши колеги кои ги загубија своите животи и беа изложени на насилство во нападите на израелската Влада во Газа, ние ќе продолжиме со нашата борба за да обезбедиме дека оние кои ги извршија овие напади ќе одговараат пред меѓународното право“, додаде тој.

Презентирајќи ја книгата со наслов „Докази“, објавена од Анадолу, која содржи фотографии и визуелни слики што сликовито ги разоткриваат злосторствата на Израел во Газа, Караѓоз рече дека книгата, достапна на три јазици – турски, англиски и арапски – е дистрибуирана до националните и меѓународните адвокати кои се залагаат за правата на Палестинците.

Во врска со изложбата, Караѓоз ја истакна разновидноста на пријавените, истакнувајќи го уверувањето дека „Istanbul Photo Awards“, високо ценет од професионалните фотографи, ќе допре до уште повеќе фотографи во 2024 година.

„Досега, фотографи од целиот свет, меѓу кои и од земји како Бразил, Непал, Канада, Нигерија, Јапонија и Палестина, се пријавија на нашиот конкурс“, рече тој.

Организиран со поддршка на „Никон Туркије“, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш ерлајнс“, натпреварот додели награди во 10 категории во годинашното издание откако жирито ги избра победниците меѓу 21.000 поднесени фотографии.

Наградата за фотографија на годината му припадна на Сергеј Козлов, фотограф од Европската агенција за печат (ЕПА), за фотографијата на тема „Војната меѓу Украина и Русија“.

Изложбата, поддржана од турското Министерство за култура и туризам, ќе биде отворена за посетителите до 30 декември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Градскиот пазар во Велес одземени над 1.400 парчиња пиротехнички средства

Следно

Вулканската активност на Исланд стивнува

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop