Изложба на фотографии за 75 години прилепски театар

June 6, 2025
1 min read

По повод 75 години од прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ синоќа во фоајето од Центарот за култура  „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата на театарски фотографии, насовена  „75 за 75“.

Презентирани се 75 фотографии од театарски претстави од 1950 до 2024 година. Направен е  избор на фотографии од  претстави  кои оставиле белег во театарот “Војдан Чернодрински” и биле наградени и најгледани.

Отворајќи ја изложбата, професор д-р Ана Стојаноска рече дека театарот е уметност на мигот која треба да биде зачувана со фотографии.

-Изложбата „75 за 75“ е исклучително важен момент и за историјата на прилепскиот театар, но и за историјата на македонскиот театар. Авторката на проектот м- р Каролина Мицевска направила внимателно сведоштво за феноменот театар во Прилеп. Театарот е уметност на мигот и затоа треба да остане зачувана во вакви изложби на фотографии, рече Стојаноска.

Изложбата, авторски проект на м-р Каролина Мицевска,  вработена во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ почна со работа 1950 година со првата претстава „Кир Јања“.

Изложбата, е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Се надевам дека Курбан Бајрам ќе биде благослов за целото човештво

Следно

Документи потврдуваат, ја објавивме вистината за злоупотребите на Љутков, велат од СДСМ

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop