ИЗЛЕГЛЕ ОД ЦРНО „АУДИ“ ЦЕЛИ ВО ЦРНО И ВЛЕГЛЕ НА ВТОРИОТ КАТ – автомобилот потоа полиен со бензин и запален! (ФОТО)

March 6, 2023
1 min read

Четири вооружени лица облечени во црна облека, некои очевидци велат во црни униформи, со фантомски сокриени лицата, излегле од автомобил „ауди А6“ влегле во кафулето Шиша бар под Калето, се претставиле како полицајци, се качиле на вториот кат и влегле во “мониторинг“ салата каде повикале „рација“ и испукале неколку куршуми, дознава МКД.мк. Од истрелите две лица биле убиени, а едно е рането.

Според извори на МКД.мк, убиени се Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исеинов со прекар Лаци. Според некои информации, пишува порталот, станува збор за крвна одмазда која своите корени ги влече во претходни убиства во населбата Чаир.

По убиството, со „аудито“ четирите лица го напуштиле местото, а брзо потоа возилото било полиено со бензин и запалено, а за тоа сведочи само регистерската табличка.

МВР официјално потврди дека во Старата скопска чаршија има двојно убиство.

„Бо СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“. се вели во официјалната информација на МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: За една година ќе изградиме 488.000 нови домови за жртвите од земјотресот

Следно

Загреб: 18-годишник упаднал во училница и се заканувал со мачета, полицијата го уапси

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop