Изет Меџити: ДУИ врз Врховен суд врши притисок со барањата за враќање на Никола Груевски

November 2, 2023
2 mins read

реклама


 Изет Меџити од Демократското движење, придружуван од претседателит на Движењето Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши, на денешната прес-конференција истакна дека ДУИ и одредени поединци во оваа партија вршат притисок врз судиите на Врховен суд околу барањата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.

-Тука сме да ја изразиме нашата силна поддршка за судиите под Врховен суд кои се под притисок со барањата за враќање на Никола Груевски. Како што знаеме и како што добивме информации од повеќе лица, Демократската унија за интеграција и одредени поединци кои се инсталирани во раководството на оваа партија продолжуваат да вршат невиден притисок врз судиите во овој суд, со што докажуваат дека тие од политичка партија се претворија во титан и со силата и нивната политичка моќ сакаат да го убијат секој столб на демократијата. Тоа воопшто не е за зачудувување, туку е уште еден показател кој треба да си послужи како освестување за сите нас дека оваа политичка партија стана синоним на лицемерие дејствувајќи против секоја европска вредност додека се повикуваат на истите. Не можете да бидете проевропски и да вршите притисок врз судството. Не можете да бидете проевропски и да бидете дел од секоја афера. Не можете да бидете проевропски и да дејствувате против демократијата, рече Меџити.

реклама

Ова, според Меџити, е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за Европска унија и за уставните промени.

-Тие имаат потреба Груевски да се обиде да прави политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во централизирана Влада пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ. Искрено жалам за нивото на која падна Али Ахмети и ДУИ, а тоа народот жестоко ќе го осуди на денот на изборите. Во оваа битка сме заедно – ние здружената опозиција, народот, чесните судии, меѓународниот фактор, додека се гледа кој е против нас – корумпирани политичари кои спасот го гледаат во враќањето на Груевски. Уште еднаш им ја изразуваме нашата бескомпромисна поддршка на судиите на Врховниот суд и ги повикуваме да судат според законот. Правдата пред се, а тие што ја нарушуваат правдата знаат каде им е местото. Ние сме сведоци дека после притисокот адвокатот го повлече барањето или барањето за аболиција на екс претседателот Ѓорге Иванов и според наши информации деновиве се спрема да поднесе ново барање до нов судија. Продолжуваат и тоа незаконски по секоја цена да стигнат  до целта – да си помине оваа одлука и да се врати Никола Груевски, рече Меџити.

реклама

На новинарско прашање во врска со тоа што Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, тој потенцира дека се работи за „валкани работи на власта за политички опстанок, а не за уставните измени и за интересите на граѓаните“.

-Одговорот треба да го побарате од власта. Тие ја преземале иницијативата и за Кривичниот законик и за законот за амнестија и за се што го амнестира организираниот криминал во Република Северна Македонија. Тие се нивни валкани пазарења за политички опстанок а не за уставните измени, за стратешките интереси, за интересите на граѓанинот и тие треба да дадат одговор, рече Меџити.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел од 7 октомври изврши напади на 12.000 локации во Газа

Следно

Обвинителство: Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се анализираат од стручни лица

Latest from Blog

Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот. Вицепремиерот

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат

Јамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија е подготвена за најголемиот предизвик на Светското првенство, полуфиналниот дуел со Франција, а најголемиот адут на „црвената фурија“ ќе биде Ламин Јамал. Дуелот меѓу Франција и Шпанија (денеска, 21:00 часот)

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ
Go toTop