Издавачката куќа „Феникс“ објави антологија со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес

July 25, 2023
1 min read

Деновиве, Издавачката куќа Феникс од Скопје ја објави антологијата Скопски вознеси, со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес.

Изборот на поетите и нивните песни го направи Христо Петрески, кој го напиша и поговорот на книгата, а Кристина Николовска е автор на обемниот предговор.

Во поговорот, меѓу другото се подвлекува дека оваа книга се објавува точно по шеесет години од катастрофалната земјина катаклизма. Беше тоа земјотрес на почвата, но и во душата и срцето. Се откорна и откина се што можеше да се откорне и откине. Грозомор – како што ја насловил својата песна Ацо Шопов за она што ја снајде Македонија и македонскиот народ. Поетите, како и птиците, сега вознесено и надалеку ја шират својата песна.

Градот Скопје е извор и вруток, заклучува Петрески.

Кристина Николовска во својот критичко-есеистички текст со наслов Град-книга, ќе запише:

И го има и го доживуваме славното ни Скопје како стиховен Скопски вознес, како радост на живеењето, како слава на постоењето, како поетска ода, химна на градот-Феникс, како славна песна на прераѓањето, како снажен симбол за обновата, како светски симбол за хуманост, синергија и нова енергија… Како метафора за птицата Феникс, но и како сјајно книжевно дело на издавачката куќа „Феникс“. Ете, такво ни Скопје расте од оваа прекрасна и снажна стиховница која со стих нè израдува, та вдоми цел „град“ стихови понесени од својот град.

Во антологијата се застапени 36 поети, меѓу кои и: Жарко Кујунџиски, Стефан Марковски, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Елена Пренџова, Виолета Танчева – Златева, Васил Тоциновски, Иван Џепароски и други.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Клубови од Саудиска Арабија до 2023 година ќе потрошат 20 милијарди евра за трансфери

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна комисиската расправа за уставните измени, Ковачевски во друштво на Маричиќ и Лога

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop