Исчезна фудбалер на Горица: Пронајден неговиот автомобил, полицијата се сомнева дека е киднапиран

1 min read

Фудбалерот на Горица, Хамид Абдула Талал, синоќа исчезнал во Унгарија откако му се јавил на својот менаџер дека ќе тргнува за Хрватска.

Хамит пред околу 10 дена потпишал договор со Горица, а во саботата заминал во Будимпешта за да ги подигне потребните документи за регистрација како и личните работи кои требало да ги однесе во Хрватска.

Вчера изутрина го имал последниот контакт со својот менаџер на кого му кажал дека се спрема за Горица. Од тогаш му се губи трага, а денеска унгарската полиција го пронашла неговиот автомобил, но во него не бил и фудбалерот.

Полицијата се сомнева во киднапирање и се уште работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Поголем дел од учебниците за трето и за шесто одделение учениците ќе ги добијат на 1 септември, уверува Шаќири

Следно

Легендарниот Тиери Анри стана селектор во татковината

Latest from Blog