Поголем дел од учебниците за трето и за шесто одделение учениците ќе ги добијат на 1 септември, уверува Шаќири

August 22, 2023
1 min read

И во средното образование, по подолг период, ќе имаме достава на учебници на првиот училиштен ден. За трето и за шесто одделение се изработуваат нови учебници согласно новите наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО) и поради тоа се очекува доцнење на некои од нив, изјави министерот за образование и наука

Сите учебници за прво, второ, четврто, петто, седмо, осмо и деветто одделение и поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе бидат доставени во училиштата до 1 септември. И во средното образование, по подолг период, ќе имаме достава на учебници на првиот училиштен ден. За трето и за шесто одделение се изработуваат нови учебници согласно новите наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО) и поради тоа се очекува доцнење на некои од нив, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во интервју во Дневникот на ТВ Сител.

„Поголем дел од учебниците од трето одделение, по три предмети, ќе се достават на 1 септември. Само за еден предмет, за кој чекаме одобрување, т.е. последно мислење од рецензентската комисија, ќе биде на почетокот на септември, но не можам да кажам точен датум. За шесто одделение денеска во Националната комисија се одобрени дел од учебниците и за нив ќе направиме максимум за да стигнат на почетокот на учебната година“,

изјави Шаќири.

Доцнењето нема да биде како минатата учебна година која, како што рече Шаќири, „не беше лесна“ зашто имало нови наставни програми за четири одделенија. Новите програми од БРО, додаде тој, се доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение.

„Најголемиот дел веќе се одобрени. Ова не беше истата позиција од претходната учебна година кога програмите беа доставени подоцна во МОН“,

рече Шаќири.

Во однос на рокот што му е даден на МОН од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за десет дена да ги обезбеди сите учебници поради пријава за продолжена системска дискриминација за доцнењето од минатата учебна година, министерот за образование рече дека имал состанок со претседателката на Комисијата и доставиле допис за постапките на МОН и чекорите што ги презеле лани за обезбедување на учебниците.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По изложбата во Скопје, меѓународна изложба „105 години Требениште“ во Софија

Следно

Исчезна фудбалер на Горица: Пронајден неговиот автомобил, полицијата се сомнева дека е киднапиран

Latest from Blog

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија

Шефот на НАТО ги плаши младите Руси: „АКО СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – ВЕ ЧЕКА СМРТ“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги предупреди младите Руси дека веројатно ќе умрат ако учествуваат во војната во Украина. „Ви испраќаат лоша понуда. Нема да бидете обучени, опремата што ќе

Делегација на Собранието учествува на Глобалната конференција на жени пратенички на ИПУ во Белград

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Драган Недељковиќ, Даниела Николова, Арбана Пашоли и Калтрина Беќири учествува на Глобалната конференција на жени пратенички на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува
Go toTop